Ги информираме даночните обврзници дека Центарот за наплата на глоби и други јавни давачки од досегашните простории во Градскиот трговски центар, локациски е преместен во нов објект во поранешната Централа на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, веднаш до зградата ССМ, каде што во непосредна близина се наоѓа и Дирекцијата за големи даночни обврзници на УЈП. Канцелариите на УЈП кои до сега беа сместени во Градски трговски центар (ГТЦ), нема да бидат во функција. |
Центар за наплата на глоби и други јавни давачки на УЈП |
Исто така, ги потсетуваме сите обврзници дека Контакт центарот / Повикувачки центар на УЈП, функционира на приземјето на УЈП – Регионална дирекција Скопје (зграда до ЗОИЛ), кој претходно се наоѓаше во Градскиот трговски центар Скопје (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/565 |
Контакт центар во Регионална дирекција Скопје |