Memorandum_mk
14.10.2016
ЦЕНТАРОТ ЗА НАПЛАТА НА ГЛОБИ И ДРУГИ ЈАВНИ ДАВАЧКИ НА УЈП ВО НОВИ ПРОСТОРИИ

Ги информираме даночните обврзници дека Центарот за наплата на глоби и други јавни давачки од досегашните простории во Градскиот трговски центар, локациски е преместен во нов објект во поранешната Централа на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, веднаш до зградата ССМ, каде што во непосредна близина се наоѓа и Дирекцијата за големи даночни обврзници на УЈП. Канцелариите на УЈП кои до сега беа сместени во Градски трговски центар (ГТЦ), нема да бидат во функција.

Центар за наплата на глоби и други јавни давачки на УЈП
ул.12-та Ударна бригада бр 2-а, 1000 Скопје

Исто така, ги потсетуваме сите обврзници дека Контакт центарот / Повикувачки центар на УЈП, функционира на приземјето на УЈП – Регионална дирекција Скопје (зграда до ЗОИЛ), кој претходно се наоѓаше во Градскиот трговски центар Скопје (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/565

Управата за јавни приходи целосно е посветена во подобрување на услугите кон даночните обврзници, зајакнување на партнерскиот однос и комуникацијата со даночните обврзници.

Контакт центар во Регионална дирекција Скопје
ул.11 Октомври бр.27, 1000 Скопје

 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија