Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
22.04.2015
НОВО! ОН-ЛАЈН ПЛАЌАЊЕ НА РАДИОДИФУЗНА ТАКСА СО БЕЗГОТОВИНСКИ КАРТИЧКИ

Заштедете време, не чекајте повеќе на шалтери за да ја проверите состојбата или да вршите плаќање на Радиодифузна такса.
Користејќи ги електронските услуги
е-Радиодифузна такса, можете да вршите електронско плаќање и проверка на состојбите за РДТ, од било кое место и во секое време.

  • Како да се регистрирате за е-Радиодифузна такса?
    Регистрацијата за е-РДТ е едноставна и бесплатна, а единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта!
    Креирајте ваш кориснички профил на https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp со избор на менито “Регистрирај се“ и следете ја процедурата.
    Постапката на регистрација за електронските сервиси за РДТ е бесплатна за граѓаните. Не е потребен дигитален сертификат!
    НАПОМЕНА: На физичките лица-обврзници на РДТ кои се регистрирани во системот за е-Даноци со дигитален сертификат, без дополнителна регистрација, само со дополнување на податокот за интерна шифра од МРТ во сопствениот профил, автоматски им се овозможува користењето на електронските сервиси за РДТ.
  • Електронско плаќање со безготовинска картичка
    Граѓаните можат да вршат он-лајн плаќање на Радиодифузна такса преку е-Даноци https://etax.ujp.gov.mk
    Електронското плаќање на Радиодифузна такса за физичките лица е овозможено со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка.
  • Oн-лајн проверка на состојба за РДТ
    е-Радиодифузна такса ви овозможува да вршите он-лајн увид во евиденцијата, преглед на платени и неплатени решенија за РДТ. На овој начин во секое време можете да ја проверувате последната состојба за радиодифузна такса!
  • мTAX - мобилна апликација од УЈП
    Со мобилната апликација мТАX на Управата за јавни приходи, можете да вршите увид во евиденцијата и преглед на платени и неплатени решенија за РДТ од вашите „паметни телефони и таблети“.
    Побарајте и преземете ја м-апликацијата преку GooglePlay и направете уште еден чекор за да ги намалите вашите секојдневни обврски и да имате побрз пристап до потребните информации без да доаѓате во даночните канцеларии.
    Мобилната апликација мТАX е бесплатна и може да ја користат сите регистрирани корисници на системот е-Даноци на УЈП, со или без дигитален сертификат.

И З Б Е Р И   Г О   П О Л Е С Н И О Т   П А Т !

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија