Заштедете време, не чекајте повеќе на шалтери за да ја проверите состојбата или да вршите плаќање на Радиодифузна такса.
Користејќи ги електронските услуги е-Радиодифузна такса, можете да вршите електронско плаќање и проверка на состојбите за РДТ, од било кое место и во секое време.
- Како да се регистрирате за е-Радиодифузна такса?
Регистрацијата за е-РДТ е едноставна и бесплатна, а единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта!
Креирајте ваш кориснички профил на https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp со избор на менито “Регистрирај се“ и следете ја процедурата.
Постапката на регистрација за електронските сервиси за РДТ е бесплатна за граѓаните. Не е потребен дигитален сертификат!
НАПОМЕНА: На физичките лица-обврзници на РДТ кои се регистрирани во системот за е-Даноци со дигитален сертификат, без дополнителна регистрација, само со дополнување на податокот за интерна шифра од МРТ во сопствениот профил, автоматски им се овозможува користењето на електронските сервиси за РДТ.
- Електронско плаќање со безготовинска картичка
Граѓаните можат да вршат он-лајн плаќање на Радиодифузна такса преку е-Даноци https://etax.ujp.gov.mk
Електронското плаќање на Радиодифузна такса за физичките лица е овозможено со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка.
- Oн-лајн проверка на состојба за РДТ
е-Радиодифузна такса ви овозможува да вршите он-лајн увид во евиденцијата, преглед на платени и неплатени решенија за РДТ. На овој начин во секое време можете да ја проверувате последната состојба за радиодифузна такса!
- мTAX - мобилна апликација од УЈП
Со мобилната апликација мТАX на Управата за јавни приходи, можете да вршите увид во евиденцијата и преглед на платени и неплатени решенија за РДТ од вашите „паметни телефони и таблети“.
Побарајте и преземете ја м-апликацијата преку GooglePlay и направете уште еден чекор за да ги намалите вашите секојдневни обврски и да имате побрз пристап до потребните информации без да доаѓате во даночните канцеларии.
Мобилната апликација мТАX е бесплатна и може да ја користат сите регистрирани корисници на системот е-Даноци на УЈП, со или без дигитален сертификат.
И З Б Е Р И Г О П О Л Е С Н И О Т П А Т !