Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
27.05.2008
ДЕМАНТ - “Утрински весник“ (текст: “Премиерот умее да ги исцеди граѓаните“)

Во врска информациите пласирани во текстот “Премиерот умее да ги исцеди граѓаните“ од Ленка Балаловска, објавен во дневниот весник “УТРИНСКИ ВЕСНИК“ на 23.05.2008година (страница 15, рубрика ПИСМА), Управата за јавни приходи е на ставот дека во објавената содржина од страна на авторот се пласирани невистини во врска со активностите на Управата за јавни приходи и измените на Законот за персонален данок на доход од 2007.

Eден од приритетите на УЈП е подигнување на даночната култура и воспоставување на практика на транспаретно работење, обезбедување на јавност, информирање и отворена комуникација за работењето, функционирањето и резултатите на даночната администрација. Во оваа насока се реализираат и сите активности, проекти ... на Управата за јавни приходи, вклучувајќи ја и активноста поднесување на Годишна даночна пријава.

Управата за јавни приходи континуирано секоја година, така и во 2007 кога бројот на поднесени ГДП беше 19 447, и во 2008 година кога овој број се зголеми за 4 пати, постојано информира за тоа кој треба, кој не треба да поднесе ГДП, кој се роковите, казните, колкав е бројот на поднесени ГДП во изминатите години, колкав е најголемиот пријавен приход по различни основи и слично.

Од овие причини не се точни констатациите дека “УЈП се фали“ и дека “не кажува зошто е зголемен бројот на поднесени Годишни даночни пријави“. Колку за потсетување, според извршените анализи, Управата за јавни приходи ја информираше јавноста дека тенденцијата на зголемување на бројот на ГДП секоја година се должи на зголемувањето на даночната култура на граѓаните во РМ, а измината година на воведување на рамниот данок и намалена даночна стапка од 12%, поголема информираност на граѓаните, како и зголеменото тргување со хартии од вредност на македонската берза.

Што се однесува до констатацијата дека бројот на ГДП е зголемен поради “промените кои се извршени во Законот за персонален данок на доход и според кои на сето она за што до 2007 не се плаќаше персонален данок, во 2007 се плаќаше“, ја информираме јавноста и авторот на текстот дека ова се невистини земајќи предвид дека со измените на Законот за персонален данок на доход од 2007( Сл. весник на Р.М број 70/94...160/07), данок на дохот не се плаќа по основ на надоместоците на трошоците за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, најмногу до 3500 денари, при што законодавецот го лимитирал ослободувањето како реален износ потребен за обавување на дејноста. Исто така, пропишани се вкупно 25 ослободувања на кои не се плаќа персонален данок на доход и тоа: надоместок за службени патувања, теренски додаток, одвоен живот, за исхрана, за превоз, детски додаток, надоместок за времена невработеност, во случај на смрт на вработен и на член на семејство и други.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија