Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
14.02.2007
ДЕМАНТ - “Дневник“ (текст: “Или фискална или катанец на црквите“)

Управата за јавни приходи ги демантира информациите изнесени во текстот, “Или фискална или катанец на црквите“ („ДНЕВНИК“, стр. 7, 15 февруари 2006 година), а кој се однесуваат на најавите за фискализација.

На прес конференцијата која ја оддржа УЈП заедно со Амбасадата на Кралство Холандија, по повод промоција на Проектот-Модернизација на УЈП, Директорот на УЈП, г-динот Горан Трајковски одговараше на новинарски прашања меѓу кои беше поставено и прашањето за фискализација на државните институции и верските заедници.

Ве известуваме дека по овие прашања, новинарот на весникот Дневник, нетранспаретно и неверодостојно ја пренел изјавата на г-динот Трајковски, и истата ја има извадено од контекст, со што е нарушен угледот на УЈП и погрешно е информирана јавноста.

Истовремено Ве информираме дека г-динот Горан Трајковски на вчерашната пресконференција ја најави фискализацијата на здравствените институции и МВР во делот на готовинските плаќања и за истите изјави дека на почетокот на јануари оваа година испратен е допис до Министерствата да преземат конкретни активности во однос на имлементирање на Законот за регистрирање на готовински плаќања, со што како рок беше спомнат крајот на март, земајќи ги предвид тендерските постапки за набавка на фискални апарати.

Во однос на верските заедници меѓу другото беше изјавено дека сеуште се во тек разговорите за начин на кој ќе се спроведе обврската за фискализација на верските заедници и дека истата ќе се реализира преку средби со претставниците на сите верски заедници, со цел низ партнерски однос да се дефинира реализирањето на оваа обврска кон државата. Притоа не беа спомнати рокови и запечатување на верските заедници, поготово не на црквите, како што е потенцирано во насловот на текстот објавен во Дневник, “Или фискална или катанец на црквите“.

Имено, Директорот на УЈП на неколку наврати во медиумите ги најави активностите за фискализација кои ќе се преземат во наредниот период. Во однос на фискализацијата на верските заедници, како правни субјекти, во сите случаи беше најавено дека Управата за јавни приходи ова прашање ќе го решава истовремено преку партнерски однос со сите верски заедници во Република Македонија и анализа на искуствата, начинот и постапките со кои е регулирано ова прашање во другите земји, со цел изнаогање на најдоброто решение.

.На неколку наврати во медиумите се шпекулираше, како што е и со објавениот текст во Дневник, дека со фискализацијата ќе бидат опфатени плаќањата односно даровите кои свештените лица ги примаат од граѓаните. Согласно Законот за персонален данок на доход и ЗРГП оваа прашање е сосема јасно регулирано во член 46 ЗПДД и член 9 ЗРГП.

Според член 46, став 2 од Законот за персонален данок на доход (“Службен весник на РМ“ бр. 74/06 – пречистен текст), свешетниците и оџите како верски лица, персоналниот данок го плаќаат во годишен паушален износ врз основа на годишни решенија.

Според член 9 од Законот за регистрирање на готовински плаќања (“Службен весник на РМ“ бр.31 од 26.04.2001 година), обврската да се воведе и користи одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања не се однесува на:

• Даночни обврзници кои данокот од доход за приходите од вршење на дејност го плаќаат според паушално утврден нето приход, освен таксистите.

Фискализацијата се однесува на прометот на добра и промет на услуги чие плаќање се врши готовински. Станува збор за свеќи, календари, кандила и други религиозни предмети кои можат да се купат според одредена цена и на одредено продажно место.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија