Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
11.03.2008
Истекува рокот за поднесување на Годишни даночни пријави

Управата за јавни приходи ги повикува сите граѓани кои не поднеле Годишна даночна пријава за остварените приходи во 2007, тоа да го сторат до 15 Март/сабота/.
Обврска да поднесат даночна пријава имаат сите граѓани кои покрај приход од плата, пензии, приход од земјоделска дејност кој се оданочува според катастарскиот приход или приход од самостојна дејност, оствариле и дополнителен приход од други извори, како на пример: приходи од имот и имотни права; од авторски права и права од индустриска сопственост; од капитал; од капитални добивки; од игри на среќа и други наградни игри; и други приходи.

Според проценките на УЈП, оваа година бројот на поднесени пријави се очекува да биде поголем за 40% (27 000) во споредба со минатата година кога до УЈП беа поднесени 19 447 даночни пријави.

Најновите податоци говорат дека некои граѓани сеуште не ја исполниле својата обврска. Имено, до 7 март, бројот на граѓани кои доставиле даночна пријава до УЈП изнесува 8.576 и тоа до:

  • Регионална Дирекција Скопје - 5.817
  • Регионална Дирекција Битола - 682
  • Регионална Дирекција Прилеп - 572
  • Регионална Дирекција Струмица - 381
  • Регионална Дирекција Тетово - 732
  • Регионална Дирекција Штип - 392

Ги потсетуваме даночните обврзници дека последниот ден за поднесување на Годишните даночни пријави се паѓа во сабота/15 март (прогласен за работен ден), кога и сите шалтери во даночните канцеларии на УЈП низ Републиката ќе вршат примање на даночните пријави.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија