Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
05.06.2008
Промовиран новиот Кодекс на етика на даночните службеници

На 5 јуни 2008 година, во Клуб на пратеници, Управата за јавни приходи го промовираше новиот “Кодексот на етика на даночни службеници“.

Целта на донесување на овој Кодекс е обезбедување на строго почитување на усвоените принципи, законитоста, професионалниот интегритет и ефикасноста на даночните службеници.

Почитување на Кодексот треба да обезбеди унифицирање, односно стандардизација на постапките и начинот на однесување на даночниот службеник во вршењето на доверените службени, истовремено овозможувајќи му да дознае што се бара од него, како да се однесува во ситуации за кој има дилема, како да постапи и која е неговата одговорност.

Наша определба е да градиме транспарентна јавна управа со квалификувани и професионални даночни службеници на сите нивоа. Степенот до кој граѓаните се убедени дека вработените во УЈП ги почитуваат строгите правила на етичкото однесување има директно влијание врз “доброволното усогласување со даночните прописи”.

Транспарентноста во работењето е клуч за препознатливост на активностите и постапките на Управата за јавни приходи во јавноста, што од друга страна влијае на зголемување на интересот и очекувањата на јавноста од институцијата.

 

 

 

 


 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија