Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
22.04.2008
Отворен Центар за обработка на податоци на УЈП

Центарот за обработка на податоци на УЈП и централизираната обработка на даночни пријави и еден од проектите на УЈП чија цел е намалување на административните бариери во даночните процедури.
Бизнисите и граѓаните треба да добијат услуги кои не само што ќе ги намалат трошоците туку и ќе го скратат времето потребно за исполнување на нивните даночни обврски. Токму обезбедувањето на сервиси кои се кориснички ориентирани, достапни и прифатливи за различни сегменти на корисници е решение за намалување на административните бариери и поттикнувањето на доброволната наплата на даноците од страна на даночните обврзници.
Центарот за обработка на податоци подразбира воведувањето на нови технологии и автоматизацијата на каналите преку кои се испорачуваат услугите за даночните обврзници и обезбедуваат баланс меѓу услугугите кон клиентите и трошоците на даночните процедури.
Како интегриран систем, Центарот гарантира сигурност, доверливост на информациите за даночните обврзници и претстваува решение со кое истовремено се намалуваат трошоците на правните и физички лица при доброволното исполнување на даночните обврски и се трошоците на УЈП при администрирањето на даноците.

Што значи реализацијата на овој проект?
- Имплементација на даночна политика на поедноставни даночни процедури
- Намалување на потребното време за плаќање на даноци
- Зајакнување на фискалната дисциплина во Република Македонија
- Зголемување на достапноста на електронските сервиси
- Намалување на директниот контакт на даночната администрација и даночните обврзници
- Намалување на грешките во даночните пријави
- Навремено запознавање со промените во обврските и обезбедување на информации за исполнување на истите
- Гарантирање на приватност на податоците ...

Преку централизацијата на обработката на податоците и примената на модерните начини на обработка на даночните пријави се напушта месната надлежност на УЈП и се воспоставува единствен начин на утврдување на даноците за даночните обврзници, се гради квалитетна база на податоци, што е и основа за еднаков и фер третман на даночните обврзници.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија