Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
10.05.2012
Задолжително следете ги следните насоки за пополнување и поднесување на ДДВ-пријава

Насока 1)
Доколку сте регистрирани корисници на електронските услуги на УЈП, ДДВ-пријавата пополнете и поднесете ја он-лине преку системот е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk/

Насока 2)
На ДДВ обврзниците кои не се корисници на системот е-Даноци, УЈП им доставува персонализирана пријава “ДДВ-04“, која треба да ја пополнат и достават на шалтерите на УЈП или преку пошта, на посебниот поштенски фах на Регионалната дирекција на УЈП, на која припаѓаат (види Табела).

ПОШТЕНСКИ ФАХ НА РЕГИОНАЛНИ ДИРЕКЦИИ НА УЈП
за доставување на Даночна пријава “ДДВ-04“
До:
Управа за јавни приходи
Дирекција за големи даночни обврзници
П.фах бр. 507
ДДВ – 04
1000 Скопје
До:
Управа за јавни приходи
Регионална дирекција Скопје
П.фах бр. 302
ДДВ – 04
1000 Скопје
До:
Управа за јавни приходи
Регионална дирекција Тетово
П.фах бр. 596
ДДВ – 04
1000 Скопје
До:
Управа за јавни приходи
Регионална дирекција Битола
П.фах бр. 365
ДДВ – 04
1000 Скопје
До:
Управа за јавни приходи
Регионална дирекција Кавадарци
П.фах бр. 877
ДДВ – 04
1000 Скопје
До:
Управа за јавни приходи
Регионална дирекција Штип
П.фах бр. 848
ДДВ – 04
1000 Скопје

Доколку како ДДВ обврзник од било какви причини не сте ја добиле персонализираната пријава “ДДВ-04“ на вашата адреса или пак поднесувате исправка на ДДВ-пријава, во тој случај ЗАДОЛЖИТЕЛНО преземете го пропишаниот образец “ДДВ-04“ објавен на веб страницата на УЈП (кликни тука) и компјутерски пополнете ги податоците во пријавата.
Предност на компјутерското пополнување кое ви е овозможено за ДДВ-пријавата е намалување на грешките при внес на податоците, како и побрзо и поефикасно администрирање и обработка на вашата пријава од страна на УЈП.
Компјутерски пополнетата пријава испечатете ја и доставете ја на шалтерите на УЈП или преку пошта на посебниот поштенски фах на Регионалната дирекција на УЈП, на која припаѓате како ДДВ обврзник (види Табела погоре).

Поради новиот начин на администрирање и обработка на податоците во ДДВ-пријавите кои го воведе УЈП, ве молиме да ги следите дадените насоки, како и да ја користите оригиналната верзија на образецот “ДДВ-04“ и компјутерски да ги внесете бараните податоци. ОБРАЗЕЦОТ Е БЕСПЛАТЕН! Не користете некомпатибилни обрасци кои отстапуваат од пропишаната форма и содржина, а кои се наоѓаат во малопродажба.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија