Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
29.02.2012
Предизвици 2012 - 2014

Стратешкиот план на Управата за јавни приходи ги содржи генералните насоки и мерките кои ќе обезбедат не само реализација на основната мисија и визија на институцијата, туку ќе претставуваат и темел за изградба на современ даночен орган со висок углед и интегритет кај даночните обврзници, домашната и меѓународната јавност - доверба во професионалноста, ефикасноста, транспарентноста и услужната ориентираност.

За периодот 2012-2014 година, УЈП планира пет основни развојни стратешки цели. Дел од нив претставуваат континуиран развој и надоградба на веќе воведените мерки, а дел од стратешките цели се прошируваат со нови мерки кои имаат за цел да го зајакнат капацитетот на Управата за темелно извршување на основните функции со нов квалитет кој се појавува како неопходност.

            1) Административни капацитети
Организирање на УЈП согласно потребите за зголемување на функционалната способност за спроведување на програмите. Зголемување на капацитетот на Управата за спроведување на законодавството и борба против одбегнување на плаќање даноци. Со зголемување на транспарентноста и отчетноста, работиме на изградба на нејзиниот институционален лик.
    2) Секогаш чекор понапред
УЈП продолжува да ги засилува механизмите за остварување на основната функција - обезбедување средства за финансирање на функциите на државата за задоволување на општите и заедничките потреби и остварување на планираното ниво на јавни приходи, преку развивање нови програми за намалување на сивата економија и проширување на базата за оданочување почитувајќи го основниот уставен принцип дека сите субјекти во земјата имаат исти права, но и исти обврски.
    3) Услужна ориентираност
Преку подобрување на услугите се стремиме да обезбедиме поголем степен на доброволно пријавување на даноците, односно да ја обезбедиме довербата на даночните обврзници во УЈП како професионална институција која е подготвена да им помогне и ефикасно да ги решава даночните работи.
  4) Организација на учење и знаење
Грижата за вработените и создавањето на едуциран професионален кадар ќе овозможи УЈП да стане посакувано место за работа за луѓе со високи потенцијали кои ќе го вложат целиот свој капацитет во унапредувањето на работењето на Управата.
 

5) Место во меѓународната заедница
Етаблирањето на македонската даночна администрација во меѓународни рамки и размената на податоците и искуствата на меѓународно ниво ќе го забрза процесот на модернизација на УЈП и усогласување со европските практики.

 

За да го преземете Стратешкиот план на УЈП за 2012 - 2014 година, кликни тука.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија