Стратешкиот план на Управата за јавни приходи ги содржи генералните насоки и мерките кои ќе обезбедат не само реализација на основната мисија и визија на институцијата, туку ќе претставуваат и темел за изградба на современ даночен орган со висок углед и интегритет кај даночните обврзници, домашната и меѓународната јавност - доверба во професионалноста, ефикасноста, транспарентноста и услужната ориентираност.
За периодот 2012-2014 година, УЈП планира пет основни развојни стратешки цели. Дел од нив претставуваат континуиран развој и надоградба на веќе воведените мерки, а дел од стратешките цели се прошируваат со нови мерки кои имаат за цел да го зајакнат капацитетот на Управата за темелно извршување на основните функции со нов квалитет кој се појавува како неопходност.
За да го преземете Стратешкиот план на УЈП за 2012 - 2014 година, кликни тука.