Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
18.06.2008
Унгарска делегација во посета на македонската даночна администрација

Во рамките на зајакнување на меѓународната соработка со земјите членки на Европската Унија, во периодот од 17 до 19 јуни 2008 година, на покана на Управата за јавни приходи, во Македонија претстојуваше четиричлена делегација на даночна администрација од Република Унгарија, предводена од Претседател на Управата за даночна и финансиска контрола, г-дин Јанош Сикора.

На работниот дел од билатералната средба, Управата за јавни приходи ги презентираше постигнатите резултати во изминатиот период, како и тековните активности и проекти кои треба да се реализираат во наредниот период: Проектот за модернизација на УЈП, Проектот за мали и средни даночни обврзници, Златна картица за поврат на ДДВ, Контакт Центарот, Центарот за обработка на податоци, интегрирање на наплатата на даноци и социјални придонеси...

Истовремено директорот на УЈП, г-дин Горан Трајковски истакна дека една од стратешките определби е промоцијата на еднаков и фер третман на даночните обврзници, преку подобрување на услугите, подобрување на методите на контрола .... Искуството, истоветните идеи и проекти кои се реализирале или треба да се реализираат во двете даночни администрации, се само уште еден доказ дека македонската даночна администрација е на добар пат.

Претседателот на унгарската управа за даночна и финансиска контрола, г-дин Јанош Сикора нагласи дека постигнатите резултати на македонската даночна администрација се исклучителни во услови на драстично намалување на даночните стапки и воведувањето на рамниот данок. Искуствата на Управата за јавни приходи се драгоцени, а резултатите се импресивни.

Како главен заклучок од работната средбата произлезе дека постигнатите резултати на Управата за јавни приходи, во услови на спроведување на даночните реформи во Република Македонија е искуство кое може да го користат и другите даночни администрации во Европската Унија. Од друга страна, искуството на земјите членки на ЕУ и изградените и модерни даночни администрации, каков што е примерот на Унгарија, директно може да послужи за брзо и ефикасно имплементирање на отпочнатите проекти и воведување на новите стандарди на работа во сферата на даночното работење, како и примена на ЕУ практиките во Македонија.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија