Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
Recnik
10.11.2025
Искрени честитки по повод 10 ноември – Меѓународниот ден на сметководителите!

Со особена почит го одбележуваме овој ден, изразувајќи признание за вашата посветеност, стручност и одговорност во извршувањето на оваа значајна и благородна професија.

Сметководителите претставуваат неопходен дел од економскиот систем – сигурен партнер во обезбедувањето точни, транспарентни и законски усогласени финансиски извештаи. Вашата улога е од исклучително значење за правилното функционирање на даночниот систем и за градењето доверба меѓу институциите, стопанството и граѓаните.

Во време на динамични промени и забрзана дигитална трансформација, Управата за јавни приходи останува ваш сигурен и посветен соработник – со цел унапредување на професионалните стандарди, воведување современи решенија и обезбедување транспарентна и континуирана комуникација.

Ви посакуваме добро здравје, многу успех и бројни професионални достигнувања.
Среќен Ден на сметководителите!

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија