Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
17.03.2025
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНИ БИЛАНСИ „ДБ“ и „ДБ-ВП“ ЗА 2024 ГОДИНА

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници правни лица, обврзници за данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка дека денес, 17 - ти март е последен ден за поднесување на Даночен биланс за оданочување на добивка (образец „ДБ“).

Доколку сте правно лице – резидент на РС Македонија, кое остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или регистрирана постојана деловна единица на нерезидент, која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РС Македонија и доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате поднесено во електронска форма, со оглед на тоа што 15-ти март 2025 година (сабота) беше неработен ден, најдоцна до денес, понеделник 17-ти март 2025 година, до Управата за јавни приходи поднесете Даночен биланс за оданочување на добивка за 2024 година (образец „ДБ“). Обрасците се доставуваат преку системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk, заради утврдување на данокот на добивка. 17-ти март е и последен рок за поднесување на Даночен биланс на вкупен приход (образец „ДБ – ВП“).

Доколку ги исполнувате условите за влез во „поедноставениот даночен режим за трговски друштва“ за оданочување со данок на вкупен приход, односно во текот на 2024 година сте оствариле вкупен приход до 3.000.000 денари на годишно ниво или пак сте оствариле вкупен приход помеѓу 3.000.001 до 6.000.000 денари на годишно ниво и сте се определиле, односно сакате да се определите за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход, како и доколку Годишната сметка до Централниот регистар ја имате доставено во електронска форма, до 17 – ти март 2025 година поднесете до Управата за јавни приходи образец „ДБ – ВП“ за 2024 година, преку системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk.

За дополнителни информации или поддршка во врска со подготовката и поднесувањето на обрасците „ДБ“ и „ДБ – ВП“, обратете се до Контакт центарот на УЈП на:
е-пошта: info@ujp.gov.mk
телефон: 0800 33 000; и 02/ 3253 200

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија