Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
06.03.2025
ТОЧНИ ПОДАТОЦИ ОД УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ЗА ИСПЛАТА НА ЈАНУАРСКАТА ПЛАТА

 

Со цел информирање на јавноста за исплатата на јануарската плата, Управата за јавни приходи транспарентно и точно ги доставува податоците за МПИН пресметките за месец јануари 2025 година и споредбените податоци за јануари 2024 година. 

  • За месец јануари 2025 година обврска за исплата на бруто плата имале вкупно 70.322 работодавачи за 550.001 вработено лице.
  • Бидејќи законскиот рок 15 февруари се падна во сабота, земајќи ги во предвид уплатите до 14 февруари, МПИН пресметките ги платиле 46.525 работодавачи (66,2%) за 468.490 вработени лица (85,2%).
  • Заклучно со 17 февруари, МПИН пресметките ги платиле 52.384 работодавачи (74,5%) за 496.778 вработени лица (90,3%). 

Ова покажува дека исплатата на платите продолжува со задоцнување и после рокот 15 февруари. Така, согласно последната состојба на МПИН уплати, а заклучно со датум 04.03.2025 година, за месец јануари 2025 година МПИН пресметки поднеле и платиле вкупно 60.118 работодавачи (85,5%) од работодавачите за 528.418 вработени, односно 96,1%.

Согласно горенаведените податоци, не е точно дека над 80.000 вработени сеуште не зеле јануарска плата за 2025 година.
Заклучно со 04.03.2025 година МПИН пресметката не ја платиле 4.307 работодавачи што е 6,1% за 11.504 вработени лица (2,1%) од вработените, додека 5.897 работодавачи, односно 8,4% за 10.079 (1,8%) вработени лица сèуште не поднеле МПИН пресметка за месец јануари 2025 година.

Бидејќи мерките за присилна наплата на УЈП се во тек, се очекува да продложи наплатата на преостанатите долговните износи. 

  • За месец јануари 2024 година обврска за исплата на бруто плата имале вкупно 70.020 работодавачи за 469.343 вработено лице.
  • До законскиот рок 15 - февруари 2024 година МПИН пресметките ги платиле 47.795 работодавачи (68.3%) за 468.490 вработени лица (85,2%).

Управата за јавни приходи редовно го следи и известува за трендот на исполнување на даночните обврски. Според последната анализа споредбено на месечно ниво податоците за работодавачите кои исплаќаат плата во законскиот рок и работодавачите кои исплаќаат плата со задоцнување се на приближно исто ниво и податоците не се разликуваат драстично од месец на месец.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија