Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
10.03.2009
Прием на Годишна даночна пријава и на 14-ти и на 16-ти март

Граѓаните, како даночни обврзници на персонален данок на доход, имаат обврска приходите кои ги оствариле во текот на 2008 година да ги пријават во Управата за јавни приходи, со задолжително поднесување на Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“) која може да ја превземете од веб страната или во даночните канцеларии. Годишната даночна пријава се доставува во даночните канцеларии на УЈП или преку пошта.

Бидејќи крајниот рок за поднесување на даночните пријави (15 март 2009) се паѓа во неработен ден, како и поради зголемен број на пријави кои ќе се поднесуваат во наредните денови, ги информираме граѓаните дека прием на Годишна даночна пријава ќе се врши и на 14-ти март/сабота и на 16-ти март/понеделник, од 08:30 – 16:30 часот, во сите даночни канцеларии на УЈП низ Македонија.

Во Скопје - Поднесување на Годишна даночна пријава во Контакт Центарот на УЈП

Поднесувањето и приемот на ГДП во Скопје се врши во новоотворениот Контакт Центар на УЈП, лоциран во Градски Трговски Центар (II кат, над Кино Милениум).

Услугите на приемната канцеларија на Центарот се достапни секој ден од 09:00 – 20:00 часот, освен недела.

*Граѓаните кои не се со место на живеење, но живеат и работат во Скопје, Годишните даночни пријави можат да ги поднесат во Контакт Центарот.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија