Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
05.07.2024
ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2023, ДА ГО ПЛАТАТ СВОЈОТ ДАНОЧЕН ДОЛГ!

Согласно евиденцијата на УЈП, Ве информираме дека 4767 даночни обврзници ја немаат платено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход („ДЛД-ГДП”) за 2023 година што требаше да се плати ВО ЗАКОНСКИОТ РОК до 30.06.2024 година. Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овие основи што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03% дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата.

За чекорите на плаќање, повеќе информации види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1990

ИСКОРИСТЕТЕ ГИ ЗАКОНСКИТЕ МОЖНОСТИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДОЛГОТ!

Ги поттикнуваме оние даночни обврзници со даночен долг над 10,000 денари кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172

Со следниот Калкулатор направете пресметка колкава месечната рата за отплата на долгот во постапка за одложено плаќање треба да платите, според износот на главен долг за одреден број на месечни рати:
Преземи калкулатор (прилог)

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија