Приштина (30 мај 2014) - Во насока на зголемување на соработката во фискалната, финансиската и економската област, на иницијатива на Министерството за финансии на Косово, се одржа Регионалната конференција на тема „Интензивирање на соработката, надминување на економските предизвици, зголемена регионална економска соработка и заеднички напори против сивата економија".
      За време на конференцијата  министрите за финансии, директорите на даночните и царински управи од Македонија, Косово, Албанија, Хрватска и Црна Гора имаа можност на одделни панел дискусии да говорат за значење и моделите за регионална соработка  со цел намалување на сивата економија, понатаму економските предизвици и можностите за подобрување на условите за бизнисите на земјите од регионот.
       
| 
      									
      									 | 
      							
      							
      									
      									 | 
      							
      							||||||
                  
                				
                				
                				
              
