Memorandum_mk
Директорот Трајковски на регионална конференција во Приштина
03.06.2014

Приштина (30 мај 2014) - Во насока на зголемување на соработката во фискалната, финансиската и економската област, на иницијатива на Министерството за финансии на Косово, се одржа Регионалната конференција на тема „Интензивирање на соработката, надминување на економските предизвици, зголемена регионална економска соработка и заеднички напори против сивата економија".
За време на конференцијата министрите за финансии, директорите на даночните и царински управи од Македонија, Косово, Албанија, Хрватска и Црна Гора имаа можност на одделни панел дискусии да говорат за значење и моделите за регионална соработка со цел намалување на сивата економија, понатаму економските предизвици и можностите за подобрување на условите за бизнисите на земјите од регионот.
 

Regionalna_konferencija_prishtina_30   Regionalna_konferencija_prishtina_30          
 
         
               
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија