Со цел градење партнерство и унапредување на соработката помеѓу даночните администрации на Балканот, на иницијатива на македонската даночна администрација, од 1 до 3 ноември 2007 година во Скопје, за прв пат се одржа Балканска Даночна Конференција на тема - „Модернизација на даночната администрација - клуч за успешна реформа во секоја држава„.
Како домаќин и организатор, конференцијата ја отвори директорот на УЈП, г-дин Горан Трајковски, а свое обраќање имаа и министерот за финансии, г-дин Трајко Слевески и вицепремиерот за економски прашања, г-дин Зоран Ставревски.
Учество на настанот земаа претсавници од балканските држави: Р. Босна и Херцеговина, Р. Албаниа, Р. Србија, Р. Црна Гора, Р. Бугарија, Р. Српска, претставувани од Генералните Директори на даночните управи.
На конференцијата присуствуваа и високи претставници од меѓународните организации во Р. Македонија и странство: Европска Комисија, Меѓународен Монетарен Фонд, Светска Банка, USAID, UNDP, ЕУ КАФАО – МАК, IOTA – Европската организација на даночни администрации, Амбасада на Кралсво Холандија, Амбасада на САД и други.
Отворање на конференцијата
|
Учесници на конференцијата
|
Работен дел
|
Работен дел
|
||||
Работен дел
|
Работен дел
|
||||||