Memorandum_mk
Прва Балканска Конференција на Даночни Администрации - “Модернизацијата на даночната администрација - клуч за успешна реформа на секоја држава“
01.11.2007

Со цел градење партнерство и унапредување на соработката помеѓу даночните администрации на Балканот, на иницијатива на македонската даночна администрација, од 1 до 3 ноември 2007 година во Скопје, за прв пат се одржа Балканска Даночна Конференција на тема - „Модернизација на даночната администрација - клуч за успешна реформа во секоја држава„.

Како домаќин и организатор, конференцијата ја отвори директорот на УЈП, г-дин Горан Трајковски, а свое обраќање имаа и министерот за финансии, г-дин Трајко Слевески и вицепремиерот за економски прашања, г-дин Зоран Ставревски.

Учество на настанот земаа претсавници од балканските држави: Р. Босна и Херцеговина, Р. Албаниа, Р. Србија, Р. Црна Гора, Р. Бугарија, Р. Српска, претставувани од Генералните Директори на даночните управи.

На конференцијата присуствуваа и високи претставници од меѓународните организации во Р. Македонија и странство: Европска Комисија, Меѓународен Монетарен Фонд, Светска Банка, USAID, UNDP, ЕУ КАФАО – МАК, IOTA – Европската организација на даночни администрации, Амбасада на Кралсво Холандија, Амбасада на САД и други.

 

Dsc_0007_thumb   02102007_thumb   Dsc_0001_thumb   Dsc_0002_thumb  
Отворање на конференцијата
 
Учесници на конференцијата
 
Работен дел
 
Работен дел
 
               
Dsc_0010_thumb   Dsc_0012_thumb          
Работен дел
 
Работен дел
         
               
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија