Memorandum_mk
Фото галерија
16.02.2011
Нови даночни шалтери и во Боговиње, Липково, Чешиново-Облешево, Ранковце, Демир Капија и Дојран
Управата за јавни приходи отвори уште шест нови даночни шалтери лоцирани во општините Боговиње, Липково, Чешиново-Облешево, Ранковце, Демир Капија и Дојран. Ланецот на 24 даночни шалтери кои беа отворени изминатите две години, но и кои допрва ќе се отвораат во најмалите општини, имаат за цел поедноставување на постапките за пријавување на даноците и вадење на документи од УЈП (уверенија, потврди ...), намалување на трошоците за даночните обврзници при плаќањето на нивните обврски, но пред се поквалитетна услуга.
 
04.02.2011
Отворен Даночен шалтер во општина Чаир
Управата за јавни приходи во рамките на Регионална дирекција Скопје го отвори Даночниот шалтер Чаир сместен во општинската зграда на локалната самоуправа. Во пресрет на масовното поднесување на даночни пријави во периодот јануари - март, достапноста на нашите услуги во општина Чаир е само уште еден чекор да се доближиме до даночните обврзници, граѓаните и бизнисите, да им обезбедиме поедноставни процедури, да го намалиме потребното време и трошоци за поднесување на обрасци и издавање на потребните документи од УЈП.
 
01.12.2010
Посетете не на Саемот за финансии, деловни можности и економски развој!
Од отворањето на ФИНЕКСПО 2010 - Саем за финансии, деловни можности и економски развој...
 
05.03.2010
Сите одговори на едно место! - Нова инфо линија 0800 33 000
Од денеска/5 март 2010 година, услугите на даночната администрација се достапни и преку новоотворениот Повикувачки Центар на УЈП, во рамките на кој функционира телефонската линија 0800 33 000. Со повикување на овој број, даночните обврзници на едно место ќе можат да се информираат за постапките за пријавување и плаќање на даноци, оданочувањето ... Нашите даночни оператори можете да ги добиете секој ден од 9 до 20 часот, освен недела.
 
25.12.2009
Од 1 јануари 2010 – Шеесет нови даночни обврзници кои ќе ги администрира ДГДО
Од 1 Јануари во надлежност на УЈП - Дирекцијата за големи даночни обврзници ќе преминат 60 даночни обврзници, односно вкупниот број на големи даночни обврзници кои ќе ги администрира Дирекцијата од следната година ќе изнесува 235 компании. По тој повод, на 24 декември/четврток/ се оствари средба со претставниците на новите даночни обврзници, на кои им беше презентиран начинот на работа и активностите на Дирекцијата.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија