Во периодот од 31 Август до 1 Септември 2011 годинa, во просториите на х.Арка во Скопје, се одржа дводневна работилница на тема „Компјутерска контрола“ организирана од страна на  Инструментот за техничка поддршка и размена на информации (TAIEX) на Европската комисија и Управата за јавни приходи. 
      На работилницата учествуваа даночни инспектори од Генерална дирекција и од Регионалните дирекции на Управата за јавни приходи, како и двајца експерти од Шведската даночна администрација. 
      Во текот на  работилницата беше презентирана моменталната состојба на компјутерската контрола во македонската даночна администрација, плановите и визиите за понатамошен развој, додека од друга страна шведските експерти образложија како овој модел на контрола е регулиран во нивното законодавство. Беа претставени и системите за поддршка при контрола, односно системот за административна поддршка SAFIR и SESAM – софтвер за електронска контрола. 
      Исто така, беа претставени и неколку примери од праксата, студии на случаи кои се проучуваа за време на работилницата.
| 
      									
      									 | 
      							
      							
      									
      									 | 
      							
      							
      									
      									 | 
      							
      							|||||
                  
                				
                				
                				
              
