22.12.2009
Од 16 до 19 декември 2009 година, во рамките на јакнење на меѓународната соработка со земјите во регионот, на покана на Управата за јавни приходи во Македонија претстојуваше највисокото раководство на даночната администрација од Република Турција. Една од темите на кои се разговараше е и како националните економии на двете земји се соочуваат со ефектите на светската економска криза, како и предизвикот и мерките за имплементација на стратешки планови во услови на намалени економски активности.
|
|
11.12.2009
Во рамките на интензивната меѓународната соработка воспоставена помеѓу даночните власти на Република Македонија и Република Албанија, од 08 до 11 декември 2009 година во Битола, се одржа средба со претставници на Албанската даночна администрација.
|
|
30.11.2009
По повод Св. Матеј - Денот на даночните работници во Македонија, на 29 ноември 2009 година, во просториите на УЈП Регионалната дирекција Скопје беше организирана пригодна свеченост за даночните службеници од Управата за јавни приходи. Оваа година ПЛАКЕТА за посебен придонес и поддршка на модернизацијата на Управата за јавни приходи ...
|
|
20.11.2009
Од 16 до 20 Ноември 2009, на иницијатива на Правниот факултет "Јустинијан Прима" Скопје, на 25 студенти од последипломските студии по финансово право и финансии им е овозможено да ја посетат Управата за јавни приходи и одблиску да се запознаат со одделните функции на УЈП, деловните процеси и начинот на работа на даночните службеници.
|
|
10.04.2009
Со имплементацијата на II-та фаза од проектот е-Даноци, од јули 2008 година, за малите и средни бизниси достапно е едноставно, безбедно и брзо решение за електронско поднесување на даночните пријави, со што услугата можат да ја користат СИТЕ правни лица и вршители на дејност во Македонија.
|
|
|
|
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија
|