Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Нови даночни шалтери и во Боговиње, Липково, Чешиново-Облешево, Ранковце, Демир Капија и Дојран
16.02.2011

Денес / 16 февруари 2011 година, Управата за јавни приходи отвори уште шест нови даночни шалтери преку кои граѓаните и фирмите од општините Боговиње, Липково, Чешиново-Облешево, Ранковце, Демир Капија и Дојран ќе имаат полесен и директен пристап до услугите на даночната администрација.

Сите даночни шалтери се сместени во админстративните згради на општините / единиците на локална самоуправа:

Даночен шалтер Адреса
БОГОВИЊЕ Зграда на општина Боговиње, с. Боговиње
ЛИПКОВО Зграда на општина Липково, с. Липково
ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО Зграда на општина Чешиново-Облешево, с. Облешево
РАНКОВЦЕ Зграда на општина Ранковце
ДЕМИР КАПИЈА ул. 11-ти Октомври бб (општинска зграда)
ДОЈРАН ул. Кеј 5-ти Ноември бб (општинска зграда)

Ланецот на 24 даночни шалтери кои беа отворени изминатите две години, но и кои допрва ќе се отвораат во најмалите општини, имаат за цел поедноставување на постапките за пријавување на даноците и вадење на документи од УЈП (уверенија, потврди ...), намалување на трошоците за даночните обврзници при плаќањето на нивните обврски, но пред се поквалитетна услуга.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија