Memorandum_mk
Фото галерија
28.11.2011
Промовирана Даночната академија на УЈП
Скопје – На 27 ноември 2011 година, Управата за јавни приходи ја промовираше Даночната академија. Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески и директорот на УЈП, Горан Трајковски со потпишувањето на Повелбата на Даночната академија симболично го отворија првиот час. Едукацијата преку даночната академија ќе се одвива во четири фази. Во првата ќе бидат едуцирани вработените во УЈП, втората фаза ќе ги вклучи и останатите вработени во државната администрација...
 
27.11.2011
Работилница - Зголемување на даночната култура во Р. Македонија преку ефикасна комуникација на УЈП и медиумите
Охрид – Од 25 до 26 ноември 2011 година, се одржа Работилницата на тема „Зголемување на даночната култура во Р. Македонија преку ефикасна комуникација на УЈП и медиумите“. На настанот, реализиран во рамките на „Проектот за даночна реформа“ (ЕУ ИПА 2007), учествуваа новинари од 15 медиуми и претставници на раководството на Управата за јавни приходи, кои преку дискусија, размена на сопственото искуство и искуството на странските даночни експерти, ги дадоа и препораките како да се унапреди меѓусебната комуникација помеѓу УЈП и медиумите, а се со цел подобро информирање на јавноста и зголемување на даночната култура во Р.М.
 
04.10.2011
Обуки - Комуникација во криза
Обуките за ефикасни односи со медиумите и управување со кризни ситуации се реализирани од 29 до 30 Септември 2011 година во рамките на проектот за „Поддршка на даночната реформа“ финансиран од Европската Унија ИПА2007...
 
23.09.2011
Работилница на тема „Компјутерска контрола“
Во периодот од 31 Август до 1 Септември 2011 годинa, во организација на Инструментот за техничка поддршка и размена на информации (TAIEX) на Европската комисија и Управата за јавни приходи се одржа работилница на тема „Компјутерска контрола“ на која македонските даночни службеници, меѓуостанатото, имаа можност да се запознаат со системите за поддршка при контрола, односно системот за административна поддршка SAFIR и SESAM – софтвер за електронска контрола, како и шведскиот модел на компјутерска контрола и како е тој регулиран во нивното законодавство...
 
23.09.2011
Размена на искуства „Откривање и превенција на ДДВ измами“
Преку Инструментот за техничка помош и размена на информации (TAIEX) на Европската комисија, во периодот од 6 до 7 Септември 2011 година, даночните инспектори на Управата за јавни приходи имаа можност да ги разменат искуствата и најдобрите практики со експерти од Данска и Белгија на тема ДДВ измами...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија