Размена на искуства „Откривање и превенција на ДДВ измами“
23.09.2011
Преку Инструментот за техничка помош и размена на информации (TAIEX) на Европската комисија, во периодот од 6 до 7 Септември 2011 година во х.Карпош се одржа семинар на тема „Откривање и превенција на ДДВ измамa“ на која даночните инспектори на Управата за јавни приходи имаа можност да ги разменат искуствата и најдобрите практики со експерти од Данска и Белгија.
Во текот на дводневниот семинар на учесниците им беа презентирани искуствата во Европската Унија во делот на внатрешните трансакции и ДДВ измами во градежништвото. Исто така, беа анализирани студии на случаи и се говореше за улогата на Europol и Eurofisc во борбата со ДДВ измамите.