Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Даноци на доход (директни даноци)

Даноци на доход или директни даноци се:

  • Данок на личен доход (ДЛД)
  • Данок на добивка (ДД)

ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД

Предмет на оданочување
Доходот на граѓаните се оданочува со данокот на личен доход кој се плаќа годишно на збирот на доходот од сите извори, остварен во земјата и во странство како: доход од работа; доход од самостојна дејност; доход од авторски и сродни права; доход од продажба на сопствени земјоделски производи; доход од права од индустриска сопственост; доход од закуп и подзакуп; доход од капитал; капитални добивки; добивки од игри на среќа; доход од осигурување и друг доход.

Даночен обврзник
Обврзник на данокот на доход е секое физичко лице резидент на Република Северна Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство.
Обврзник на данокот на доход, е и трговец поединец, како и физичко лице кое се занимава со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лице кое врши услуги или слободно занимање. Обврзник на данокот на доход е и физичко лице кое не е резидент на Република Северна Македонија за доходот што е остварен на територијата на Република Северна Македонија.
Обврзник на данокот на доход е и физичко лице кое непријавено врши дејност и остварува доход кој подлежи на оданочување според одредбите на Законот за данокот на личен доход.

Даночен период
Период за кој се пресметува данокот на личен доход е една календарска година.

Даночна основа
Даночна основа за утврдување на данокот на доход претставува збир на бруто-доход остварен по сите основи (во пари, во хартии од вредност, во натура или во некој друг вид) во земјата и во странство, во текот на даночниот период, намалена за износот на:
1) придонесите од задолжително социјално осигурување;
2) даночното намалување и
3) нормираните или стварните трошоци предвидени со закон.

Даночни стапки
Се до 1 јануари 2007 година персоналниот данок на доход со кој се оданочува доходот на граѓаните, се пресметуваше со примена на прогресивни даночни стапка:

  • од 1994 до 2000 година, остварениот доход до висината на 2 просечни месечни плати (МПП) се оданочуваше по стапка од 23%; доходот над 2 до 5 МПП по стапка од 27%, и доходот остварен над 5 МПП по стапка од 35%. Даночната основа за остварениот доход по сите основи се намалуваше за ¼ од износот на МПП остварена во Република Македонија
  • од 2001 година до 2004 година, доходот остварен во годината во износ до 360,000 денари се оданочуваше по стапка од 15%, а доходот над 360,000 денари по стапка од 18%. Даночната основа за остварениот доход по сите основи се намалува за личното ослободување од 30,000 денари, кое се валоризира со коефициентот на пораст на МПП остварена во претходната година.
  • Од 2005 година до 2006 година, оданочувањето на доходот на граѓаните се врши повторно на три нивоа: доходот остварен во годината до 360,000 денари се оданочува со стапка од 15%, доходот, од 360,000 денари до 720,000 денари по стапка од 18%, и доходот над 720,000 денари по стапка од 24%. и се користи даночно ослободување од ревалоризирани 30,000 денари.
  • Од 1 јануари 2007 година, се воведува пресметување на персоналниот данок со примена на пропорционална даночна стапка т.н. “рамен данок“. Во 2007 година, стапката на оданочување на доходот на граѓаните изнесува 12% и се применува намалување на даночната основа од ревалоризирани 30,000 денари.
  • Од 2008 година, стапката на оданочување на доходот на граѓаните се намалува и изнесува 10%. Од 1 јануари 2009 година со воведувањето на интегрираната наплата на данокот и придонесите од плата, даночната основа за остварениот годишен доход, се намалува за износот на даночното ослободување од 84,000 денари. Овој износ на почетокот на секоја наредна година се ревалоризира со коефициентот на пораст на просечната месечна нето-плата на вработените во РМ остварена во претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.
  • Од 01.01.2019 година се воведе прогресивно оданочување при аконтавивно пресметување и плаќање на данокот на личен доход и тоа за одделните видови на доход: доход од работа, доходот од авторски и сродни права, доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, доход од самостојна дејност, на соодветно утврдена даночна основа со примена на следните стапки: на месечна даночна основа и тоа: до 90.000 денари 10% од 90.001 денар 9.000 денари + 18% на делот од доходот над 90.000.денари, како и при годишно пресметување и плаќање на данокот на личен доход на годишна даночна основа и тоа: по стапка од 10% за приход до 1.080.000 денари и од 1.080.001 денар 108.000 денари + 18% на делот од доходот над 1.080.000 денари. За доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, добивките од игри на среќа, доходот од осигурување и друг доход, данокот се плаќа по единствена стапка од 15%.
  • За 2020, 2021 и 2022 година стапката на данокот на личен доход за сите видови на доход изнесува 10%, освен за: добивките од игри на среќа изнесува 15%.
  • Од 2023 година стапката на данокот на личен доход за сите видови на доход изнесува 10%, освен за добивките од игри на среќа изнесува 15%.

За повеќе информации во врска со оданочувањето со данокот на личен доход, кликни тука

ДАНОК НА ДОБИВКА

Даночен обврзник
Согласно Законот за данокот на добивка (ЗДД), обврзник на данокот на добивка е правно лице (субјект) - резидент на Република Македонија кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство и постојана деловна единица на странско лице за добивката што ја остварува од вршење на дејност на територијата на Република Македонија.

Предмет на оданочување и даночна основа

  • од 1994 до 2008 година, даночната основа на која се пресметува данокот на добивка, претставува разликата меѓу:
    - вкупните приходи и вкупните расходи, во износи утврдени согласно со прописите за сметковод¬ството и сметководствените стандарди (сметководствената добивка/загуба или финансискиот резултат од работењето во деловната година);
    - усогласена (зголемена/намалена) за износот на непризнаените расходи и неоданочивите приходи за даночни цели;
    - пресметаниот данок на така утврдената даночна основа се намалува за износот на пресметаниот данок за одобрените даночни ослободувања и олеснувања како и за износот на данокот платен на приходите/добивките, кои домашното правно лице ги остварува во странство, директно или преку својата подружница.
  • од 2006 година се воведе оданочувањето со данокот по задршка (withollding tax) пресметан на исплатените приходи на странските правни лица остварени во Република Македонија по основ на дивиденди, камати, авторски хонорари, забавни или спортски активности, вршењето на менаџмент, консалтинг, финансиски услуги и услуги на истражување, закуп на недвижности, осигурителни премии за осигурување или реосигурување од ризици и од телекомунијациски услуги помеѓу РМ и странската држава, доколку поинаку не е регулирано со Меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување со земјата во која е резидент примателот на приходот.
  • Од 2006 година, дел од даночните обврзници се оданочуваат по посебен систем на паушално оданочување на вкупниот приход. Во овој систем беа опфатени домашните правни лица:
    - класифицирани како микропретпријатија;
    - кои се во сопственост на најмногу две физички лица;
    - чиј вкупен приход од било кој извор не надминува 50.000 евра во денарска противвредност;
    - остварениот приход од еден купувач или од лице кое е поврзано со купувачот да не надминува 80% од вкупниот приход;
    - извршуваат стопанска дејност, освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност во областа на игрите на среќа и забавните игри;
    - чиј број на вработени не надминува 9 (девет).
    Овој модел од 2007 година, се трансформира во „поедноставен даночен режим за трговските друштва“, со кој се опфатени трговските друштва од Република Македонија кои извршуваат стопанска дејност, освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност во областа на игрите на среќа и забавните игри, чиј годишен вкупен приход по сите основи, не надминува износ од 3,000,000 денари.
    Со последните измени на Законот за данокот на добивка од октомври 2011 година, „поедноставениот даночен режим“ се однесува и на трговските друштва класифицирани како мали и микро трговци и правните лица резиденти на Република Македонија кои водат сметководство и изготвуваат годишни сметки согласно Законот за трговските друштв и кои остваруваат вкупен приход над 3,000,000 до 6,000,000 денари. За нив постои опција за доброволно определување за начинот на оданочување-на остварениот вкупен приход или оданочувањето на остварената добивка. Со најновите измени, трговците кои остваруваат годишен вкупен приход по сите основи до 3,000,000 денари, се ослободуваат од плаќање на данокот на добивка.
  • Од 2009 година во Република Македонија, се применува така наречениот „естонски модел“ на оданочувањето на добивката. Имено, со овој модел, се оданочува само износот на фискалната основа, односно, непризнаените расходи намалени за даночните кредити и за даночните олеснувања и ослободувања, а сметководствената добивка остварена за даночниот период – годината, се оданочува само доколку се распредели за исплата на дивиденди и за други исплати од добивката. Доколку добивката се акумулира и се реинвестира за проширување на дејноста, не е предмет на оданочење.
  • Во 2010 година, се наметна потребата од воведување на систем кој кај капитално поврзаните друштва – резиденти на Р.Македонија, ќе овозможи добивката која се распределува во вид на дивиденда помеѓу друштвата во ланецот, да не се оданочува повеќекратно. Се воведе „методот на иззeмање“ (principle of exemption) кој предвидува оданочување на распределената добивка во вид на дивиденда да се изврши на крајот од ланецот, кај последниот даночен обврзник кој што распределбата на добивката ќе ја извршува кон акционерите/содружниците–физички лица и кон нерезидентни правни субјекти кои се сопственици на капиталот.
  • Во 2014 година даночна основа за пресметување на данокот на добивка претставува оданочивата добивка која се утврдува од сметководствената бруто добивка остварена според прописите за сметководство и сметководствените стандарди (како разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи) зголемена за непризнаените расходи.

Даночен период
Во периодот од 1994 година до 2000 година, утврдувањето на данокот на добивка во текот на годината се вршеше преку привремена (полугодишна) пресметка на данокот за периодот јануари – јуни и конечна (годишна) пресметка на данокот, за деловната година. Во овој период се плаќаа и месечни аконтации на данокот за периодот февруари – јуни, според основата на данокот утврдена во годишната пресметка за претходната година, и за периодот јули – декември во тековната година и за јануари во наредната година, според основата на данокот утврдена во полугодишната пресметка за тековната година.
Во периодот од 2001 година до денес, утврдувањето на данокот на добивка се врши за целата деловна година. Даночните обврзници плаќаат и месечни аконтации на данокот на добивка, за месеците февруари – декември во тековната година, и за месец јануари во наредната година, според висината на даночната основа утврдена во даночната пријава составена за претходната година.

Даночна стапка
Во периодот од 1994 до 1996 година, стапката на данокот на добивка изнесува 30%. Во периодот од 1997 до 2006 година, стапката на данокот на добивка изнесува 15%. За 2007 година стапката на оданочување на добивката утврдена во даночниот биланс, изнесува 12%. Од 01.01.2008 година, стапката на данокот на добивка е 10%.
Стапката на задржаниот данок на пропишаните приходи/добивки на странските правни лица остварени во Р.Македонија, од 01.01.2006 до 31/12/2006 година изнесува 15%. За деловната 2007 година, стапката е намалена на 12%, додека од 01.01.2008 година наваму, истата изнесува 10%, доколку со меѓународните договори за одбегнување на двојното однаночување/ослободување, не е поинаку определено.

За повеќе информации во врска со оданочувањето со данокот на добивка, кликни тука.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија