Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Враќање (поврат) на данокот на додадена вредност

Доколку претходниот данок во одреден даночен период е поголем од износот на данокот кој е пресметан за прометот, разликата му се враќа на даночниот обврзник врз основа на негово барање искажано во даночната пријава.

Доколку даночниот обврзник не искаже такво барање, разликата се пренесува како аконтација во следниот даночен период.

Рокот за враќање на данокот е 30 дена по денот на поднесување на даночната пријава.

Даночните обврзници кои имаат намера да го отстапат побарувањето за ДДВ, за намирување на даночен долг на друг даночен обврзник, преку преземање на долгот во нотарски заверена изјава (даночен гарант), истото треба да го искажат во даночната пријава “ДДВ-04”.
Во овој случај даночните обврзници во рок од 5 дена треба да поднесат Барање до належната РД со прилог потребни документи.
Барањето за отстапување на разликата на данок може да се искаже во даночната пријава “ДДВ-04” само доколку даночните обврзници немаат долгови по основ на други јавни давачки.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија