Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Пресметување на данокот на добивка, предмет на оданочување и даночна основа

Пресметување на данокот на добивка

Пресметувањето на данокот на добивка го врши овластено лице кај даночниот обврзник или лице – даночен советник по овластување од даночниот обврзник.

Предмет на оданочување

Предмет на оданочување претставува добивката која што даночните обврзници ја остваруваат од деловни, финансиски и неделовни трансакции.
Оданочувањето се извршува по истекот на деловната (календарската) година, односно по истекот на периодот за кој даночниот обврзник работел.

Даночна основа

Даночна основа за пресметување на данокот на добивка претставува оданочивата добивка која се утврдува од сметководствената бруто добивка остварена според прописите за сметководство и сметководствените стандарди (како разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи) зголемена за непризнаените расходи и помалку искажаните приходи за даночни цели.

Зголемување на даночната основица

Даночната основица се зголемува за:

  1. Расходите кои не се поврзани со вршење на дејност на субјектот, односно не се непосреден услов за извршување на таа дејност и не се последица од вршењето на таа дејност;
  2. Надоместоци на трошоци и други лични примања од работен однос во износи кои го надминуваат правото утврдено со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Северна Македонија и прописите за органите на државната управа, и тоа за:
    - дневници за службени патувања, теренски додаток или одвоен живот, помош во случај на смрт на вработениот и на член на неговото семејство, претрпени штети од елементарни непогоди, испратнина заради трајно работно ангажирање на работниците при откажување на договорот за вработување од деловни причини, регрес за годишен одмор, јубилејни награди за најмалку десет години работа кај ист работодавач, надоместоци на трошоци за користење на сопствено возило на вработениот за потребите на работодавачот, износот на исплатениот надоместок заради непрекинато боледување подолго од шест месеци предизвикано со повреда на работа или професионално заболување, надоместок при селидби на вработените за потребите на работодавачот;
  3. Трошоците за организирана исхрана и превоз во јавниот сообраќај на вработените, исплатени над износите утврдени со закон;
    3-а) „надоместоци на трошоци за хотелско сместување (категорија повисока од четири ѕвездички) во износ над 6.000 денари дневно по лице и надоместоци на трошоци за превоз на лица кои не се вработени кај исплатувачот, а се ангажирани во функција на дејноста на исплатувачот (во земјата и во странство), доколку истите не се документирани;
    3-б) Надоместокот на трошоци за исхрана на вработените кои работат ноќно време, над износите утврдени со Законот за работните односи;
  4. Трошоците пo основ на месечните надоместоци на членовите на органите на управување над износи утврдени со закон;
  5. Трошоците по основ на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд над износот од две просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во Република Северна Македонија, на годишно ниво по вработен;
    5 -б) трошоци по основ на уплатени премии за доброволно здравствено осигурување над износот од една просечна месечна бруто плата, исплатена во претходната година во Република Северна Македонија, на годишно ниво по вработен;
  6. Надоместоците за лицата волонтери според Законот за волонтерство и за лицата ангажирани за вршење на јавни работи согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност исплатени над износите утврдени со закон;
  7. Скриените исплати на добивки;
    7-а) Кусоци кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорното лице;
  8. Трошоците направени за репрезентација;
  9. Трошоците за донации направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, над 5% од вкупниот приход остварен во годината;
  10. Трошоците за спонзорства направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, над 3% од вкупниот приход остварен во годината;
  11. Трошоци по основ на камата по кредити кои не се користат за вршење на дејноста на обврзникот како и износот на каматите по кредити за набавка на патнички автомобили, мебел, теписи, уметнички дела од ликовната и применетата уметност и украсни предмети;
  12. Осигурителни премии кои ги плаќа работодавачот во корист на членовите на органите на управување, како и на вработените доколку истите не се одбиваат од плата, освен личното колективно осигурување на работниците за повреди на работа;
  13. Даноците по задршка (одбивка) исплатени во име на трети лица кои се на товар на трошоците на даночниот обврзник;
  14. Паричните и даночните казни, пеналите и казнените камати за ненавремена уплата на јавните давачки и на трошоците за присилна наплата;
  15. Исплатите на стипендии, освен стипендиите доделени на начин и под услови утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности во кои не спаѓаат трошоците за обука и специјализација на вработените заради остварувањето на дејноста на даночниот обврзник, под услов истите да продолжат со работа кај истиот работодавач, во временски период утврден со договор, кој не е пократок од три години сметано од годината на стекнувањето со соодветните знаења;
  16. Трошоците на кало, растур, крш и расипување над нормираните износи утврдени за соодветната гранка, под услов истите да не се настанати како резултат на вонреден настан или виша сила;
  17. Трајниот отпис на ненаплатените побарувања, освен трајниот отпис на ненаплатените побарувања по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување;
  18. Трошоците за нето износот на примањата по основ на деловна успешност над износот на кој се пресметани придонеси согласно закон;
  19. Трошоци за практикантска работа над износите пропишани во Законот за практиканство;
  20. Трошоци за практична обука на ученици и практична настава на студенти во висина над 8.000 денари месечно;
  21. Трошоци за платени лабораториски тестови за COVID-19 за вработени лица во износ поголем од 50% од просечната месечна бруто плата исплатена во претходната година во Република Северна Македонија, на годишно ниво по вработен.
  22. Трошоците за амортизација на ревалоризираната вредност на материјалните и нематеријалните средства;
  23. Трошоците за исправка на вредноста на ненаплатените побарувања;
  24. Ненаплатените побарувања од заем доколку не се вратени до крајот на годината;
  25. Разлика меѓу трансферна и пазарна цена остварена меѓу поврзани лица;
  26. Износот на делот од камати по заемите кои се добиени од поврзано лице, кој го надминува износот кој би се остварил доколку се работи за неповрзани лица, како и износот на затезните камати кои произлегуваат од односите со поврзано лице;
  27. Износот на каматите на заемите добиени од содружниците или акционерите - нерезиденти со најмалку од 20% учество во капиталот на друштвото, кои за повеќе од три пати го надминуваат износот на уделот на тој содружник или акционер.

Намалување на даночната основа

Даночната основа се намалува за:

  • износот на наплатените побарувања до висината на искажаниот приход, за кои во претходните даночни периоди било извршено зголемување на даночната основа, соодветно на оданочениот износ;
  • износот на вратениот дел од заемот за кој во претходните даночни периоди било извршено зголемување на даночната основа;
  • износот на трошоците за амортизација над износот пресметан со примена на амортизациони стапки утврдени со номенклатурата на средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки за кои во претходниот период е извршено зголемување на даночната основица
  • износот на неисплатените надоместоци над износите утврдени во член 9 став 1) точки 2), 3-б), 4), 5),  и 6), од ЗДД, за кои во претходниот период е извршено зголемување на даночната основа, доколку истите се искажани како приход
  • износот на дивиденди остварени од резиденти на Република Македонија со учество во капиталот на друг обврзник - резидент на Република Северна Македонија, под услов да се оданочени кај обврзникот кој врши исплата на дивиденда;
  • дел од загубата пренесена од претходни години.
  • износот на извршени вложувања од добивката (реинвестирана)

Напомена: Правото на намалување на даночна основа за искажана загуба може да се искористи за остварената загуба од 2014 година, па натаму...
Напомена: Правото на даночно ослободување по основ на реинвестираната добивка, даночните обврзници за прв пат ќе можат да го остварат за извршените вложувања во 2014 година од издвоените добивки од 2013 година за инвестиции.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија