Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Даночни поттикнувања кај ДДВ за донации во јавните дејности
  • Даночните поттикнувања за ДДВ за донации во јавните дејности не се извршуваат со даночно ослободување, туку со учество на државниот буџет во плаќање на данокот на додадена вредност за сметка на давателот на донацијата. За секој извршен промет на добра или услуги кои значат донирање извршено во добра или услуги се пресметува и се плаќа ДДВ на посебна сметка за донации, со тоа што Секторот за трезор при Министерството за финансии, по добивањето на согласност за исполнетост на условите, врши исплата на уплатениот износ на ДДВ на сметката на давателот на донацијата (вршител на прометот).
  • На надоместокот за влезници за културен, спортски или друг јавен настан не се пресметува ДДВ, без исклучување на правото на одбивка на претходниот данок, доколку целокупниот приход е наменет и се употребува за финансирање на активност од јавен интерес.
  • На надоместокот за комуникациска услуга, согласно со Законот за електронските комуникации, кога корисникот со нејзиното користење донира парични средства за финансирање на активност од јавен интерес, не се пресметува ДДВ, без исклучување на правото на одбивка на претходниот данок.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија