Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Даночни ослободувања за посебните субјекти преку враќање на ДДВ

Даночни обврзници - нерезиденти во земјата

На даночни обврзници кои немаат седиште или подружница во РМ и кои не извршуваат никаков промет во неа или кои не должат данок за прометот, по барање и во посебна постапка, ќе им се исплати претходниот ДДВ кој го платиле по фактурите за промет извршени од домашни ДДВ обврзници, доколку се исполнети законските услови за враќање на данокот.

Ова ослободување се извршува под услов даночниот обврзник да е регистриран ДДВ обврзник во својата земја и да постои реципроцитет помеѓу Република Македонија и државата во која даночниот обврзник е резидент.

Непрофитни организации

Непрофитните организации имаат право на барање за враќање на пресметаниот ДДВ во испораките кон нив од страна на даночни обврзници во земјата и за увозот реализиран спрема нив доколку:

  • прометот на добра кон нив или увозот не биле ослободени од данок;
  • ДДВ за извршениот промет на добра е посебно искажан во фактурата и е платен со плаќањето на купопродажната цена;
  • данокот долгуван при увозот е платен; и
  • добрата се пренесени во странство и таму се користат за хуманитарни, добротворни или образовни цели.

Странски дипломатски или конзуларни претставништва и нивни членови

На барање на странското дипломатско или конзуларно претставништво, во посебна постапка, се врши враќање на платениот ДДВ за набавени добра или користени услуги од регистрирани даночни обврзници за ДДВ за службени цели на претставништвото.
Враќањето ќе се одбие, доколку износот на фактурата не надминува 5.000 денари, вклучувајќи го данокот на додадена вредност. Постапката на враќање се спроведува само во случај на постоење на посебни спогодби помеѓу Република Македонија и државата-испраќач, а во согласност со условите за реципроцитет.

Враќање на ДДВ се одобрува и на шефот на дипломатското претставништво, на членовите на дипломатскиот персонал на странското дипломатското претставништво, на конзуларните функционери, како и на нивните брачни другари, доколку овие лица стекнале добра или користеле услуги за лични потреби или за потреби на членовите на семејствата кои ги сочинуваат нивните домаќинства. Враќањето се ограничува на вкупен износ од 50.000 денари во една календарска година.

При набавка на моторно возило враќањето на данокот се одобрува еднаш во три години, освен во случаите на неопходна набавка на ново возило како замена за старото, после настаната кражба или тешко оштетување.

Меѓународни организации и нивни членови

Странските меѓународни и невладини организации, можат да бараат враќање на ДДВ кој е пресметан во прометот кон нив од страна на даночни обврзници во земјата, а кој тие го користат за остварување на својата дејност во земјата. Право на барање на враќање на ДДВ имаат и членовите на таквите организации.

Враќањето им се овозможува врз основа на одредби во меѓународниот договор кој тие ги потпишуваат со Р.М, а во кој за меѓународните организации и нивните членови се предвидени ослободувања од индирекните даноци.

Ослободувањето може да се одобри по пат на враќање во истата процедура како и за странските дипломатски или конзуларни претставништва и на дипломатскиот персонал.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија