Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Даночна основа

Даночна основа на данокот на додадена вредност е вкупниот износ на надоместокот што е добиен, или што треба да се добие за прометот, во кој не е вклучен данокот на додадена вредност. Кон надоместокот припаѓа се што примателот на исполнувањето го дава за да прими добро или да користи услуга. Данокот на додадена вредност не припаѓа кон надоместокот.

  • За прометот во земјата даночна основа е вкупниот износ на надоместокот што е добиен, или што треба да се добие за прометот, во кој не е вклучен ДДВ.
    Во даночната основа се вклучуваат даноците, акцизите, таксите, придонесите и другите давачки пропишани со посебни закони, освен ДДВ; зависните трошоци за пакување, натовар, истовар, превоз и осигурување, провизиите и другите трошоци кои се пресметани, како и субвенциите кои се директно поврзани со цената на прометот на доброто или услугата.
    Во даночната основа не се вклучуваат: намалувањата на цената во форма на дисконт за авансни плаќања, ценовните дисконти, рабати и други видови намалувања на цените одобрени во времето на извршување на прометот ако тие се посебно искажани во фактурата и евидентирани во книговодството, како и проодните ставки.
  • При земање на добра кои се дел од имотот на претпријатието за лични потреби на даночниот обврзник или на вработените кај него; при промет на добра без надоместок спрема сопствениците на влог, членовите и ним блиски лица, како и при задржување на добра од даночниот обврзник при престанок со работа - набавната цена или доколку истата не постои, цената на чинење во моментот на прометот.
  • При користење на добрата кои се дел од имотот на претпријатието за лични потреби на даночниот обврзник или вработените кај него, при вршење услуги без надоместок за лични потреби на даночниот обврзник и вработените кај него или спрема сопствениците на влог, членовите и ним блиски лица - издатоците за извршената услуга.
  • Кога надоместокот за прометот на доброто или за услугата се состои целосно или делумно во промет на друго добро или услуга - пазарната цена на добиеното добро или примената услуга.
  • За прометот остварен по пат на лицитација - постигнатата крајна цена.
  • При промет на употребувани добра (употребувани моторни возила, уметнички и колекционерски предмети и антиквитети) - разликата меѓу продажната и набавната цена, ако за испораката спрема даночниот обврзник не се должи данок.
  • Надоместокот (провизијата) за услугата за отстапување на привремен агенциски работник на работодавач корисник, согласно со закон.
  • Во случаите на промет кој се врши со или без надомест од страна на закупецот кон закуподавачот за направено инвестициско вложување во објектот на закуподавачот, кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот, за даночна основа се смета пазарната вредност без ДДВ која е определена од овластен проценувач во моментот на настанување на даночниот долг.
  • При преносот на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување, даночна основа претставува постигнатата крајна цена намалена за ДДВ, пресметан со примена на пресметковна стапка утврдена врз основа на пропишаната даночна стапка.
  • При увоз на добра даночна основа е вредноста на увезеното добро утврдена според царинските прописи.
    Во даночната основа се вклучуваат и: царината, даноците, акцизите, таксите и другите увозни давачки, освен ДДВ; зависните трошоци, трошоците за провизии, пакување, превоз и осигурување кои настануваат до првото место на крајната дестинација на доброто во земјата.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија