Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Даночен обврзник, даночна стапка, период на оданочување

Даночен обврзник

  • Правно лице (субјект) – резидент на Република Северна Македонија кој остварува добивка од вршењето на дејност во земјата и странство. Резидент е субјект кој е основан или има седиште на територијата на Република Северна Македонија.
  • Обврзник на данокот на добивка е и постојана деловна единица на странско лице за добивката што ја остварува од вршење на дејност на територијата на Република Северна Македонија.
  • Здруженија на граѓани и фондации како и нивните сојузи и други облици на здружување или поврзување, стопанската интересна заедница, политичките партии, верските заедници, религиозните групи, Црвениот крст на Република Северна Македонија, здруженија на странци, странски и меѓународни невладини организации, хуманитарни организации и здруженија, синдикатите, коморите и други правни лица основани со посебни прописи од кои произлегува дека се непрофитни организации, се обврзници за данок на вкупен приход за приходи од вршење стопанска дејност во рамките на нивното непрофитно делување, доколку вкупниот годишен приход од стопанската дејност е поголем од 1.000.000 денари.
  • Данокот на вкупен приход за овие обврзниците се пресметува и плаќа во висина од 1% од износот на остварените вкупни приходи од стопанска дејност во календарската година, на износот кој надминува 1.000.000 денари. Здруженија на граѓани и фондации како и нивните сојузи и други облици на здружување или поврзување, стопанската интересна заедница, политичките партии, верските заедници, религиозните групи, Црвениот крст на Република Северна Македонија, здруженија на странци, странски и меѓународни невладини организации, хуманитарни организации и здруженија, синдикатите, коморите и други правни лица основани со посебни прописи од кои произлегува дека се непрофитни организации, не се обврзници за данок на добивка за приходи од членарини, доброволни прилози, донации, грантови, подароци (во пари, добра, имотни права), завештанија, легати, приходи од дивиденди од трговските друштва основани со средства на здружението, и приходи од Буџетот на Републиката, буџетите на единиците на локалната самоуправа и Буџетот на Град Скопје врз основа на претходно изготвени програми (проекти) одобрени од Владата на Република Северна Македонија, односно надлежните министерства, советите на единиците на локалната самоуправа и Советот на Град Скопје.

Даночна стапка

  • од 01.01.2008 година - даночната стапка е 10%.

Период на оданочување

  • Даночниот период за кој се утврдува данокот на добивка, изнесува една календарска година. Доколку даночниот обврзник работел за период пократок од една календарска година, за даночен период, се смета периодот за годината во која работел.
  • Аконтативниот период на оданочување, изнесува еден календарски месец.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија