Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Спречување на перење пари и финансирање на тероризам

Со Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам се уредуваат мерките, дејствијата и постапките кои субјектите и надлежните органи и тела ги преземаат заради откривање и спречување на перење пари, поврзани казниви дела и финансирање на тероризам.

Мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам кои ги преземаат субјектите се однесуваат на: изготвување на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам и нејзино редовно ажурирање; воведување и примена на програми за ефикасно намалување и управување со идентификуваниoт ризик од перење пари и финансирање на тероризам; анализа на клиентите - известување и доставување на податоци, информации и документација до Управата согласно со одредбите од овој закон и подзаконските акти донесени врз негова основа; чување, заштита и водење евиденција на податоци; именување на овластено лице и негов заменик и/или формирање на оддел за спречување на перење пари и финансирање на тероризам; спроведување на внатрешна контрола и други мерки кои произлегуваат од одредбите на овој закон.

Субјекти се лицата кои имаат обврска да ги преземаат мерките и дејствијата за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам и тоа:

  • Финансиски институции и подружници, филијали и деловни единици на странски финансиски институции кои согласно со закон вршат дејност во Република Македонија;
  • Правни и физички лица кои ги вршат следниве услуги: а) посредување во промет со недвижности, б) ревизорски и сметководствени услуги, в) давање совети од областа на даноците, г) давање на услуги како инвестиционен советник, и д) давање на услуги за организирање и спроведување на аукции;
  • Нотари, адвокати и адвокатски друштва кои вршат јавно овластување согласно со закон;
  • Приредувачи на игри на среќа: а) лотариски игри на среќа, б) игри на среќа во казино, в) игри на среќа во обложувалница, г) игри на среќа во автомат клуб, д) електронски игри на среќа, ѓ) томбола од затворен тип, и е) интернет игри на среќа;
  • Даватели на услуги на трустови или правни лица;
  • Централен депозитар за хартии од вредност; и
  • Правни лица кои вршат дејност на примање во залог на подвижни предмети и недвижности (заложувалници).

Управата за јавни приходи е надлежна да врши надзор над примената на мерките и дејствијата утврдени кај следните категории на субјекти:

  • приредувачите на игри на среќа,
  • правните и физички лица кои ги вршат следниве услуги: посредување во промет со недвижности, давање совети од областа на даноците, и
  • правните лица кои вршат дејност на примање во залог на подвижни предмети и недвижности.

Согласно член 10 од законот, Управата за јавни приходи има изработено упатства за вршење на проценка на ризикот за субјектите за кои врши надзор со цел да им помогне во дизaјнирање на ризичниот профил на ниво на субјект со цел преземање мерки и дејствија пропорционални на природата, големината и комплексноста на активностите коишто ги извршуваат. При спроведување на проценка на ризикот, субјектите треба да ги имаат во предвид Национална проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам, Упатството за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам донесено од страна на Управата за финансиско разузнавање и упатствата на Управата за јавни приходи.

  1. Упатство за вршење на проценка на ризик од перење пари и финансирање тероризам за правните и физички лица кои вршат дејност давање совети од областа на даноците
  2. Упатство за вршење на проценка на ризик од перење пари и финансирање тероризам за правните и физички лица кои вршат дејност на примање во залог на подвижни предмети и недвижности
  3. Упатство за вршење на проценка на ризик од перење пари и финансирање тероризам за правните и физички лица кои вршат посредување во промет со недвижности
  4. Упатство за вршење на проценка на ризик од перење пари и финансирање тероризам за приредувачи на игри на среќа

Согласно одредбите од Законот за сперчување перење пари и финансирање на тероризам, на иницијатива на Управата за финансиско разузнавање се изврши ажурирање и дополнување на листата на индикатори за препознавање на соимнителни трансакции. Направените измени и дополнувања произлегуваат од Извешјтајот за спроведена проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам, Извештајот за ризиците од финансирање на терроизам за НПО секторот и дадените препораки во извештаите на ФАТФ. Листата на индикатори е објавена на веб страната на Управата за финансиско разузнавање.

Управата за финансиско разузнавање ја надгради својата веб страна, и ја стави во продукција новата „Рестриктивна веб платформа“ која е наменета за субјектите од членот 5 од ЗСППФТ при применувањето на мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и при постапувањето согласно одредбите од Законот за рестриктивни мерки („Службен весник на РМ“, бр.190/2017). Истата е достапна и наменета исклучиво за субјектите од членот 5 од ЗСППФТ, додека пак неопходна е претходна регистрација за пристап до целокупните содржини. До платформата може да се пристапи на следниот линк: https://ufr.gov.mk/?p=3126

Извештајот за спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам за непрофитните организации во Република Северна Македонија може да го најдете на овој линк: https://ufr.gov.mk/?page_id=262

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија