|
Година: 2025
Број: 01
Тип: Јавна објава
Наслов: Јавна објава за уредно доставување на прекршочен платен налог за одговорно лице во правно лице
Датум на издавање: 22.10.2025 година
Институција: Управа за јавни приходи
Архивски бр.18-4099/3 од 22.10.2025 година
Врз основа на член 56 став 5 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ”, бр.96/19) и член 17 став 2 а и б од Законот за ратификација на Конвенцијата за заемна административна помош за даночни прашања, изменета со Протоколот од 2010 година („Службен весник на РСМ”, бр.191/19), Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје објавува:
ЈАВНА ОБЈАВА
за уредно доставување на прекршочен платен налог издаден од Даночната управа на Словенија, за македонски државјанин - одговорно лице во правно лице
Се повикува одговорното лице во правното лице во рок од осум дена да го подигне прекршочниот платен налог по електронски пат со испраќање на е-пошта: clo@ujp.gov.mk или директно во просториите на Управата за јавни приходи, Генерална дирекција Скопје, бул. Кузман Јосифовски-Питу бр. 1, Скопје.
Со оваа објава на веб страната на органот http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, а по изминувањето на осум дена од денот на објавувањето, ќе се смета дека Управата за јавни приходи изврши уредна достава на прекршочниот платен налог за следново одговорно лице во правно лице:
|
1
|
Емир Мекиќ
|
ул.Иљо Војвода бр.6
|
Скопје
|
DT 71010-12806/2024-2 (10-561-10)
|
07.10.2024
|
|