Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30            
Recnik
Преглед на отворен повик

Јавен повик за аплицирање на кандидати - студенти за волонтирање во Управата за јавни приходи (дополнување)
Тип на отворен повик: Јавен повик Датум на објава: 12.06.2019 

Врз основа на Програма за волонтирање во Управата за јавни приходи за 2019 година број 04-3633/1 од 12.06.2019 година и Одлуката за ангажирање на волонтери – студенти во Управата за јавни приходи број 04-3634/1 од 12.06.2019 година, се објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за аплицирање на кандидати - студенти за волонтирање во
Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи има потреба од ангажирање на волонтери - студенти, поради што се повикуваат сите заинтересирани кандидати - студенти кои немаат се уште дипломирано на соодветниот факултет на кој студираат од областа на општествените науки, природно – математичките науки, техничко – технолошките науки и хуманистичките науки и имаат познавање на англиски јазик и работа со компјутери MS Windows, MS Office, односно корисничко познавање од мобилни оперативни системи (Android, IOS) и мобилни кориснички апликации, да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Управата за јавни приходи и нејзините внатрешни организациски единици и тоа:

Организациска единица Број на волонтери
ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА/ЦЕНТАР ЗА НАПЛАТА НА ГЛОБИ И ДРУГИ ЈАВНИ ПРИХОДИ 2
ДИРЕКЦИЈА ЗА ГОЛЕМИ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ 3
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ 7
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА БИТОЛА 3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ОХРИД 3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ СТРУГА 2
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ РЕСЕН 2
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР ДЕМИР ХИСАР 2
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ПРИЛЕП 3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КАВАДАРЦИ 3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЛЕС 3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ НЕГОТИНО 2
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР МАКЕДОНСКИ БРОД 2
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР КРУШЕВО 2
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ТЕТОВО 3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГОСТИВАР 3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КИЧЕВО 2
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ДЕБАР 2
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ШТИП 3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КУМАНОВО 3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КРИВА ПАЛАНКА 2
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КОЧАНИ 2
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ВИНИЦА 2
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ СВЕТИ НИКОЛЕ 2
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР КРАТОВО 2
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР ДЕЛЧЕВО 2
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР ПРОБИШТИП 2
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА СТРУМИЦА 3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ БЕРОВО 2
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГЕВГЕЛИЈА 2
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ РАДОВИШ 2
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР ВАЛАНДОВО 2
ВКУПНО: 80

Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период од 01 Јули до 30 Септември 2019 година, во просториите и во местото кое е седиште на организациската единица на УЈП.
Волонтерот има право на надоместок на трошоците за храна и трошоците за превоз до и од местото на волонтирањето најмногу во висина до 15% од просечната месечна плата во Републиката исплатена за претходната година.
Заинтересираните кандидати потребно е да приложат уредна документација која треба да содржи:
1) Потврда за статусот на студент и
2) Писмо за интерес со кратка биографија и податоци за контакт.
Документите се доставуваат во писарницата (архивата) или преку пошта на следната адреса:

Управа за јавни приходи
Генерална дирекција Скопје
Бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1, 1000 Скопје
Со назнака: „За Јавен повик за волонтирање во УЈП“

Рокот за доставување на документите изнесува три (3) работни дена сметано од денот на објавување на јавниот повик на веб страницата на УЈП, заклучно со 18.06.2019 година.
По истек на рокот за доставување на документи, селекцијата на кандидатите кои доставиле уредна документација ќе ја врши комисија формирана од директорот на Управата за јавни приходи врз основа на доставените документи, а по потреба и со дополнително повикување на интервју во просториите на УЈП.
Избраните кандидати ќе бидат повикани да склучат договор за волонтирање во УЈП.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија