|
|
|
|
|
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
|
|
|
|
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
10 |
11 |
12 |
13 |
14 |
15 |
16 |
17 |
18 |
19 |
20 |
21 |
22 |
23 |
24 |
25 |
26 |
27 |
28 |
29 |
30 |
|
|
|
|
Тип на отворен повик: Листа на должници |
Датум на објава: 10.04.2019 |
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.04/2019 за долгови доспеани до 31.12.2018 и неплатени до 31.03.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:
- надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) - за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
- Царинска управа на РСМ - Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) - за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
На Листата на должници бр.04/2019 објавени се 1859 должници - правни лица (пoмалку за 130 од претходната листа) и 2226 физички лица (помалку за 80 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2019 изнесува 9.517.248.764 денари, помалку за 396.868.347 денари од претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.376.977.666 денари (помалку за 395.900.195 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 140.271.098 денари (помалку за 968.152 денари од претходната листа).
|
|
|
|
|
|
|
|