Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
Преглед на отворен повик

Јавен повик бр.02 и Листа за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса
Тип на отворен повик: Јавна објава Датум на објава: 09.12.2015 

Врз основа на член 86 и член 87 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на РМ” бр.38/05...51/11), Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје ги повикува обврзниците кои должат радиодифузна такса наведени во Листата (види прилог), најдоцна до 16 декември 2015 година да ги подигнат Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса во просториите на УЈП - Регионална дирекција Скопје на ул.11 Октомври бр. 27, секој работен ден од 08:30 до 18:00 часот и сабота од 08:30 до 14:00 часот.
„Листата за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса“ објавена на веб страницата на УЈП содржи податоци за: 1) Име и презиме на обврзник на радиодифузна такса; 2) Последна адреса на обврзник на радиодифузна такса; 4) Број на решение; 5) Датум на решение.
Доколку обврзникот има извршено уплати на радиодифузна такса во периодот од опомената до изготвување на Решението за присилна наплата, потребно е да приложи докази при приемот на Решението, како би можел даночниот орган да ги земе во предвид и да спроведе правилна постапка на присилна наплата.
Доколку должникот - обврзник на радиодифузна такса наведен во „Листата за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса “ не се јави и не изврши прием на Решението во наведениот рок, УЈП - Регионална дирекција Скопје ќе изврши и еднократна објава во „Службен весник на РМ“.
По објавата во „Службен весник на РМ“ ќе се смета дека е извршена уредна достава на Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса од Листата објавена на веб страницата на УЈП, а сите евентуално негативни последици кои би можеле да настанат од неподигањето на решението и трошоците при спроведување на постапката за присилна наплата ќе ги сноси обврзникот за радиодифузна такса.

Document   10-7195-2_ЛИСТА ЗА УРЕДНА ДОСТАВА НА РЕШЕНИЈА ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА РДТ  (6 MB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија