Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Преглед на отворен повик

Јавен оглас бр.01/2014 за вработување во Управа за јавни приходи
Тип на отворен повик: Вработување Датум на објава: 14.07.2014 

Врз основа на член 25 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ”, бр.81/08...39/12), член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ”, бр.62/05...39/12), член 17 од Закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година („Службен весник на РМ”, бр.180/13) и Одлука бр.07-4657/1 од 09.07.2014 година, Управа за јавни приходи објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 01/2014
за вработување во Управа за јавни приходи

Управата за јавни приходи има потреба од вработување на 1 еден извршител, за следните работни места:

ДАНОЧЕН ШАЛТЕР МАКЕДОНСКИ БРОД

1) Еден (1) извршител на работно место – Виш даночен агент за услуги, со завршено средно, вишо или високо образование или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС од областа на општествените науки и работно искуство во струката од најмалку (1) една година, со основна плата во нето износ од 26,316 денари.

Кандидатот треба да е државјанин на Република Македонија и да ги исполнува горенаведените услови.
Заинтересираниот кандидат е должен да достави пополнет образец „Пријава за вработување во Управа за јавни приходи”, која може да се преземе од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/105
Кандидатот е должен пријавата да ја пополни во целост, прецизно, со точни податоци и да ја достави во архивата на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје или преку пошта на следната адреса:
              Управа за јавни приходи - Генерална дирекција
              бул. „Кузман Јосифовски - Питу” бр.1, 1000 Скопје
              со назнака: за “ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2014“
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за вработување во Управата за јавни приходи.
Со кандидатите кои доставиле уредни пријави за работното место под реден број 1 за кои е предвидено работно искуство во струката ќе биде спроведено интервју или писмена проверка за кое ќе бидат писмено известени.
Избраниот кандидат ќе биде повикан во Управата за јавни приходи да достави докази за исполнување на горенаведените услови за работното место за кое конкурирал, во оригинал или копија заверена кај нотар.
Почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време за сите огласени работни места е утврден од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија