Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
(World Bank) Светска банка

Светската банка е организација која претставува витален извор на финансиска и техничка помош за земјите во развој низ целиот свет и претставува единствено партнерство за намалување на сиромаштијата и поддршка на развојот. Групацијата на Светска банка се состои од пет институции управувани од нивните земји-членки. Нудат поддршка на земјите во развој преку совети за политика, истражување и анализа и техничка помош, поддршка во развојот на капацитетите во земјите со кои соработуваат, а истовремено спонзорираат или се домаќини, како и учесници на многу конференции и форуми за развојни тематики. За да се осигури дека земјите можат да пристапат до најдобрата глобална експертиза и да помогнат во генерирање на врвни знаења, Светската банка постојано се обидува да го подобри начинот на споделување на своето знаење. Клучните приоритети вклучуваат:

  • Резултати: Изострување на фокусот за помагање на земјите во развој да дадат мерливи резултати.
  • Реформа: Подобрување на секој аспект на работата: како се дизајнираат проекти, како информациите стануваат достапни (пристап до информации) и како да се приближат нивните операции до владите и заедниците.
  • Отворен развој: Понуда на поголем опсег на бесплатни алатки, лесни за пристап, истражување и знаење за да помош во справување со развојните предизвици во светот.

Соработка на УЈП со Светската Банка:

  • мај – август 2020 година – Спроведување на оценување на даночната администрација на Република Северна Македонија преку користење на алатката TAX DIAMOND
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија