Сеопфатната поддршка на УНДП во делот на меѓународното оданочување и трансферните цени, постави силна основа за подобрена даночна администрација во Северна Македонија, обезбедувајќи усогласување со меѓународните стандарди и поттикнувајќи одржлив економски раст и во исто време зајакнувајќи ги нашите напори за имплементација на Целите за одржлив развој, особено целите 16: Мир, правда и силни институции и 17: Партнерства за целите. Драго ни е што преку ваквите иницијативи придонесуваме кон јакнење на институционалните капацитети и формирање на партнерства за зајакнување на даночните системи, подобрување на мобилизацијата на домашните ресурси и промовирање на одржлив развој.- рече Армен Григорјан - постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во нашата земја.
Раководителот на одделот за глобални односи и развој при Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), г-дин Бен Дикинсон, истакна дека со помош на Проектот, Управата за јавни приходи, во наредниот период ќе има можност со директна поддршка и помош на експертот Сањев Шарма, да ги унапреди капацитетите на даночните инспектори за спроведување на контрола на трансферните цени.
На настанот се презентираа досегашните резултати, и се појасни дека на оваа програма во Р.С. Македонија, во рамките на Даночни инспектори без граници, даночните инспектори преку експертска поддршка во наредниот период, ќе стекнат вештини за спроведување на конзистентни даночни контроли на мултинационални претпријатија и на тој начин ќе придонесат за успешно справување со даночната евазија и избегнување на плаќање данок од страна на мултинационалните претпријатија.
Свое обраќање имаше и експертот на програмата, Сањев Шарма, кој појасни дека преку оваа соработка како експерт ќе ги пренесе знаењата и вештините на македонските инспектори, а кои се утврдени согласно со програмата Даночни инспектори без граници и техничката помош за меѓународни даночни контроли.
Настанот го следеа и донорите на Управата за јавни приходи, претставници од Меѓународен монетарен Фонд (ММФ), Светска банка, и Tрезорот на САД.
Програмата Даночни инспектори без граници, е иницијатива покрената од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во 2015 година, а е наменета за поддршка на земјите во развој во справувањето со широко распространетата даночна евазија и избегнување на плаќање данок од страна на мултинационалните претпријатија. До денес, иницијативата брои 59 тековни и 73 завршени програми.
Линк до албанска верзија