Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
02.12.2023
ДЕМАНТ ОД УЈП ПО ПОВОД ОБЈАВЕН ТЕКСТ ,, БЛОКИРАНИ СМЕТКИ ЌЕ ДОБИЈАТ 8 КОМПАНИИ КОИ НЕ ГО ПЛАТИЛЕ СОЛИДАРНИОТ ДАНОК,,

Управата за јавни приходи ги демантира наводите објавени во веста под наслов ,,БЛОКИРАНИ СМЕТКИ ЌЕ ДОБИЈАТ 8 КОМПАНИИ КОИ НЕ ГО ПЛАТИЛЕ СОЛИДАРНИОТ ДАНОК,, во кој се вели дека помеѓу државните институции кои се блокирани поради неплаќање на солидарен данок е и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

На прашање упатено до УЈП од која дејност се блокираните компании Управата за јавни приходи извести дека за должниците на солидарниот данок доставени се решенија за присилна наплата од парични средства (блокади) од кои два обврзника се во државна сопственост а 6 обврзници од дејностите неспецијализирана трговија на големо со храна пијалаци и тутун, ткаење на текстил, трговија на големо со дрва градежен материјал и санитарна опрема, изградба на станбени и нестанбени згради, останато производство неспомнато на друго место и трговија на електрична енергија.

Поради тоа апелираме да не се објавуваат неточни информации и да не се доведуваат во заблуда граѓаните. Во пресрет на реализација на антикризните мерки токму корисници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе ги имаат бенефите од антикризните мерки. Како што информираше и Владата во наредните 5 месеци, пензионерите со пензија до 14 илјади денари, ќе добијат помош од 3.000 денари месечно. За оние со пензија од 14 до 16 илјади се предвидени по 2.000 денари месечна помош, додека оние кои имаат пензии од 16 до 19 илјади денари, ќе имаат финансиска поддршка од 1.500 денари.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија