Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
25.09.2023
ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК ЗА СОЛИДАРНОСТ ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ

Управата за јавни приходи известува дека денес 25.09.2023 година во Службен весник на РСМ, бр.199/23, објавен е Законот за данок за солидарност, и во Службен весник на РСМ, бр.200/23 објавен е Правилникот за формата и содржината на образецот на даночниот биланс за оданочување со данок за солидарност и образец „ ДБ-ДС“ составен дел на Правилникот.

Заради задоцнета објава на Законот и Правилникот во Службен весник на РСМ, каде е предвиден рок за поднесување на образецот „ ДБ-ДС“- даночен биланс за данок на солидарност 25.09.2023 година, се информираат даночните обврзници дека овој рок се продолжува до 04.10.2023 година.

Согласно Законот за данок за солидарност обврзник на данокот за солидарност е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.
Даночната основа за данокот за солидарност се пресметува на начин што од износот на даночната основа по намалување утврдена во даночниот биланс за оданочување на добивката за 2022 година (АОП 49), се одзема просечниот износ на даночна основа по намалување утврдена во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди 2018, 2019 и 2021 година зголемен за 20%.

Доколку е поповолно за даночниот обврзник, даночната основа за данокот за солидарност може да се пресметува на начин што од просечниот износ на даночната основа по намалување утврдена во даночниот биланс за оданочување на добивката за 2021 и за 2022 година, се одзема просечниот износ на даночна основа по намалување утврден во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди 2017, 2018 и 2019 година зголемен за 20%.

Во случај на статусна промена, при утврдување на даночната основа за пресметување на данокот за солидарност, просечниот износ на даночна основа по намалување утврден во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди (2017, 2018 и 2019 година односно 2018, 2019 и 2021 година) се зголемува за 30%.

Даночниот обврзник е должен да ја утврди даночната основа врз основа на образецот „ДБ-ДС - Даночен биланс за оданочување со данок за солидарност“. Образецот ,,ДБ-ДС" се поднесува до Управата за јавни приходи електронски преку системот е - Даноци.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија