Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
21.06.2023
ВРЕМЕ Е ЗА УПЛАТА НА РАЗЛИКАТА ЗА ДОПЛАТА ОД ДЛД - ГДП 2022 ГОДИНА!

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници во законскиот рок да ја платат годишната даночна обврска за ДЛД за 2022 година!

Рокот за плаќање на даночната обврска по ДЛД-ГДП за 2022 година истекува на 30 Јуни 2023 год.

Начин на исполнување на даночниот долг

Даночниот долг треба да го платите со налогот за плаќање генериран од страна на Управата за јавни приходи, кој можете да го преземете на следниот начин:

  • најавете се на https://e-pdd.ujp.gov.mk
  • одберете ја коцкичката (копчето) „Годишна даночна пријава“.
  • на копчето „Преглед“, кое се наоѓа најдесно во редот на излистаните ГДП одберете ја соодветната даночна пријав (година)
  • одберете го копчето „Печати“ кое се наоѓа во долниот десен дел во прегледот на Годишната даночна пријава
  • испечатете ја или точно препишете ја третата страница од документот

Исполнувањето на обврската за плаќање на даночниот долг може да се изврши и од страна на трето лице, со задолжително повикување на фолио бројот. Повеќе информации видете на http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1843

Ги поттикнуваме оние даночни обврзници кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172.

Одложеното плаќање ќе Ви овозможи олеснувања, како:

  • отплата на долгот во месечни рати, или еднократно одлагање на плаќањето
  • УЈП нема да спроведува присилна наплата за долгот или ќе ја прекине започнатата постапка за присилна наплата
  • повратот на одобрено даночно побарување за ДДВ нема да биде условен со уплата на недоспеаните месечни рати и др.

Со следниот Калкулатор направете пресметка колкава месечната рата за отплата на долгот во постапка за одложено плаќање треба да платите, според износот на главен долг за одреден број на месечни рати:
Преземи калкулатор (прилог)

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија