Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
01.06.2023
ОДРЖАН САМИТ НА ГУВЕРНЕРИ НА НАРОДНИ БАНКИ, МИНИСТРИ ЗА ФИНАНСИИ И ДИРЕКТОРИ НА ДАНОЧНИ УПРАВИ ОД РЕГИОНОТ ВО БЕЧИЧИ, ЦРНА ГОРА

Заменик директорот на Управата за јавни приходи, Тахир Беџети присуствуваше на Самитот на гувернери на народни банки, министри за финансии и директори на даночни управи од регионот, кој се одржа на 29 и 30 мај 2023 година во Бечичи, Црна Гора на тема „Финансиска и монетарна стабилност на регионот во неизвесни времиња на продолжена геополитичка и економска криза“.

На панелот под наслов „Реформа и модернизација на даночните власти - цел, опсег и граници“ заменик директорот рече дека во македонската даночна администрација се работи на засилен интезитет на дигитализација на деловните процеси, одредување на приоритети кои треба да придонесат кон брза детекција на сивата економија, стимулативни активности за нејзина формализација, јакнење на свеста за сивата економија и за даночниот морал, ефикасни инспекциски служби и казнени мерки, како и унапредување на законската регулатива.

Беџети истакна дека „Глобалната дигитализацијата“ ја наметна потребата за забрзан развој на дигитални услуги кои треба да бидат едноставни и ќе го олеснуваат пристапот до услугите на даночната и јавната администрација воопшто. Преку дигиталните платформи и алатки, многу е полесно да се подигне свеста на даночните обврзници за неопходноста и обврската од навремено плаќање на обврските, зголемување на довербата а со тоа и доброволно почитување на даночните прописи.“

Претставниците на даночните управи од регионот заеднички се согласија дека поинтензивната регионална соработка ќе придонесе за проактивна размена на информации и искуства, и попродуктивна заедничка борба против даночните измами и затајувања.
На Самитот на министрите за финансии, гувернерите на народни банки и директорите на даночните администрации учествуваа бројни експерти од Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ, Хрватска, Косово и Словенија, како и претставници од Европската инвестициска банка (ЕИБ), ММФ, комерцијални банки, осигурителните компании и најголемите компании во регионот.
Самитот се реализира 10 - та година по ред, а го организира Здружението на економисти на Србија со белградскиот неделник НИН како главен медиумски партнер.

  • Линк за албанска верзија
   
   
 
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија