Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
12.05.2023
СКЛУЧЕН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УЈП И ДАНОЧНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

12.05.2023 година Бања Лука, Босна и Херцеговина
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорот на Даночната управа за Индиректно Оданочување на Босна и Херцеговина, Миро Џакула, денеска во Бања Лука, потпишаа Меморандум за соработка.

Директорката Лукаревска истакна дека на иницијатива на Управата за јавни приходи а со цел намалување на даночната евазија во континуитет потпишуваме Меморандуми за соработка со даночните администрации во регионот.
„Со потпишувањето на овој значаен документ, се овозможува преку размена на знаење и вештини да го подобриме работењето на двете администрации, се создава можност за откривање, превенција и намалување на даночната евазија а се креираат и услови за поттикнување на доброволната усогласеност како и предвидлива даночна клима за стопанството и инвеститорите. Добрите соработки со даночните администрации кои веќе се воспоставени, преку Меморандумите за соработка уште повеќе ги зајакнуваме и заеднички креираме услови за зацврстување на примената на добра пракса во областа на даноците,, - рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Директорот на Даночната управа за Индиректно Оданочување на Босна и Херцеговина, Миро Џакула, појасни дека со овој Меморандум, уште повеќе се зајакнуваат односите и соработката помеѓу двете земји. „ Бенефит ќе имаат и двете институции, но и граѓаните, со Меморандумот се предвидува соработка во области од делокругот на работењето на двете даночни администрации, ќе се овозможи размена на искуство и трансфер на знаење, подобрување на работењето на двете даночни управи како и поттикнување на доброволната усогласеност.“ – појасни директорот Џакула.

     
Управата за јавни приходи и во следниот период ќе продолжи со потпишување на Меморандуми за соработка, се со цел зголемување на соработката со даночните администрации во регионот и пошироко.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија