Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
27.04.2023
ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТВИНИНГ ПРОЕКТ НА ЕУ "ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕСОЛВЕНТНОСТ НА НИВНИОТ РАБОТОДАВАЧ

Претставници од Управата за јавни приходи денес во Клуб на пратеници присуствуваа на завршна конференција на Твининг проектот на ЕУ "Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач" чиј цел е зајакнување на правата на работниците во случаите на несолвентност на работодавачите, преку воспоставување на гарантен механизам согласно со минималните барања утврдени со Директивата 2008/94/ЕЗ.

Носител на овој проект е Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за труд, социјални работи и семејство на Република Словачка и Агенцијата за регионален развој Сенец-Пезинок.

Управата за јавни приходи имаше активно учество во спроведување на проектните активности при утврдувањето на регулаторната рамка и деловните процеси за функционирање на гарантниот механизам, што се должи на професионалниот капацитет на УЈП како орган кој има надлежности и овластувања при наплатата на придонесите од задолжително социјално осигурување и управувањето со системот за интегрирана наплата – бруто плата.

Со водство на МТСП, УЈП заедно со МФ, АВРСМ и социјалните партнери треба да бидат клучните чинители за функционирање на овој гарантен механизам, за што треба да следуваат уште активности за јакнење на капацитетите, вклучително и соодветно прилагодување на ИТ системите на УЈП и АВРСМ.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија