Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
25.03.2023
ДЕЛЕГАЦИЈА НА УЈП ВО БРИСЕЛ НА БИЛАТЕРАЛЕН СКРИНИНГ ЗА ПОГЛАВЈЕ 16 – ОДАНОЧУВАЊЕ

23 и 24 март 2023 година, Брисел - Белгија.
Делегација на Управата за јавни приходи предводена од директорката Сања Лукаревска, заедно со претставници на Министерството за финансии и на Царинската Управа, учествувaa на билатералниот скрининг за Поглавје- 16 Оданочување.

 

Во ова поглавје, Управата за јавни приходи е носител на областа 16.4 - Оперативен капацитет и компјутеризација. На состаноците се презентираа главните принципи на даночниот систем на РСМ , организацијата на даночната администрација и нејзините функции, соработката и размената на податоците со другите даночни администрации за цели на даночната постапка, како и сите досегашни активности во различните области од работата на даночната администрација по однос на подготовките за членство во Европската Унија. Македонската делегација на првиот билатерален скрининг за оваа поглавје, ги претстави и идните планови и институционалните капацитети за спроведување на овие значајни реформски промени, плановите за борбата против корупцијата a беа идентификувани и областите во кои има потреба за забрзана интеграција во делот на оданочувањето и прилагодувањето на законодавството на РСМ со европските директиви.

Презентациите беа одлично оценети а препораките и заклучоците кои произлегуваат од истите ќе ги одредат и понатамошните активности на преговарачката структура и следните чекори во пристапниот процес.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија